Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со генералниот секретар на Советот за регионална соработка, Амер Капетановиќ

26 февруари 2025 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими Амер Капетановиќ, генерален секретар на Советот за регионална соработка, оперативен орган на Процесот на соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), чија прва дестинација на турнејата е Скопје.

Укажувајќи на важноста на регионална соработка, претседателката Сиљановска-Давкова ја потенцираше нужноста од економско и инфраструктурно поврзување, користа од заедничкиот регионален пазар и потребата од интегрирање на регионот во единствениот европски пазар.

Таа очекува Планот за раст и реформските агенди да го поттикнат развојот на Западниот Балкан преку промени во конкретни области, поддржани со европски финансиски средства чие добивање се врзува за реализацијата на истите во точно определени рокови.

Соговорниците се согласни дека меѓусебната почит и разбирање се услов за успешна соработка во низа области што ќе доведе до повисоко ниво на задоволување на потребите на граѓаните преку исполнување на Копенхагенските критериуми и промена на наративот и односот на ЕУ кон нас.

Капетановиќ и се заблагодари на претседателката Сиљановска-Давкова за успешното претседавање со минатогодишниот Самит на ПСЈИЕ, напорите за одржување на кредибилитетот на оваа регионална иницијатива и непречно продолжување на процесот. Тој изрази задоволство од конструктивноста на македонските власти и ја образложи намерата на Советот за утврдување на Каталог на заеднички интереси.

Воедно, генералниот секретар информираше за претстојниот Дигитален самит за Западен Балкан, од којшто се очекува да ја поттикне динамиката на регионалната соработка во сферата на дигитализацијата.

На средбата беа споделени видувањата за актуелните политички состојби во ЕУ, проблемот со двојните стандарди на Унијата, чие оправдување се бара во консензуалното одлучување.

Со оглед на драматичните геополитички промени, претседателката смета дека проширувањето повеќе од било треба да биде приоритет на ЕУ, што налага дебилатерализација на процесот и евалуација според реализацијата на Копенхагенските критериуми.

Сиљановска-Давкова и Капетановиќ укажаа на опасноста од билатерализација на евроинтеграцијата од страна на соседите преку злоупотреба на ветото, идентитетски притисоци и обиди за ревизија на историјата.

На средбата беа разменети мислења и предлози за исчекор од патријахалната и поданичка политика и чекор кон партиципативната и демократска политичка култура, за императивот за департизација и деполитизација на државната и јавна администрација, за борбата со корупцијата и криминалот, за нужноста од независно судство, за владеење на правото.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова во Софија оствари средба со бугарската претседателка Илијана Јотова

Сиљановска-Давкова во Софија оствари средба со бугарската претседателка Илијана Јотова

На маргините на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во Софија, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, остварија средба со бугарската претседателка Илијана Јотова....

Сиљановска-Давкова во Софија оствари средба со Албулена Хаџиу, вршител на должноста претседателка на Косово

Сиљановска-Давкова во Софија оствари средба со Албулена Хаџиу, вршител на должноста претседателка на Косово

На маргините на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во Софија, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со Албулена Хаџиу, вршител на должноста претседателка на Република Косово. На...

Сиљановска-Давкова од Софија: Мора да го оживееме духот на регионалната соработка

Сиљановска-Давкова од Софија: Мора да го оживееме духот на регионалната соработка

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во Софија и укажа на потребата од оживување на духот на регионалната соработка и враќање кон принципите врз коишто пред три децении беше...

Јавен повик за пријавување на кандидати за волонтирање

Јавен повик за пријавување на кандидати за волонтирање

Врз основа на член 4 од Програмата за волонтирање во Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија за 2026 година, објавуваме ЈАВЕН ПОВИК за пријавување на кандидати за волонтирање Ги повикуваме заинтересираните кандидати да се пријават на јавниот повик...

Учество на Сиљановска-Давкова на Самитот на шефови на држави и влади на земјите од ПСЈИЕ во Софија

Учество на Сиљановска-Давкова на Самитот на шефови на држави и влади на земјите од ПСЈИЕ во Софија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска (10 јуни 2026 година, среда) во Софија, Република Бугарија ќе учествува на Самитот на шефови на држави и влади на земјите од Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ). Таа ќе се обрати на пленарната сесија...