Претседателот Пендаровски во посета на Кавадарци во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“

8 јуни 2023 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја посети општина Кавадарци во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“.

Во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ од Кавадарци, претседателот Пендаровски проследи настап на училишниот оркестар што го освои првото место на натпревар на хорови, оркестри и бендови од средните училишта, неодамна одржан во Валандово. Претседателот упати честитки до членовите на оркестарот за ова високо признание, изразувајќи увереност дека нивната висока мотивираност и силен музички потенцијал несомнено ќе ги однесе кон значителни успеси во иднина.

За време на посетата на кавадаречката гимназија претседателот се сретна со Мајкл Георгиевски, ученик со бројни награди и признанија во областа на природно математичките науки, со Блаже Игнатовски, ученик правобранител, кој заедно со неговите заменици Данка Стојкова и Филип Попов се грижи за заштита и остварување на ученичките права во рамки на образовниот процес. На средбата беше нагласена важноста на нивната функција во навременото нотирање евентуални неправилности во интерните односи меѓу соучениците, како одредени облици на дискриминација, говор на омраза или врсничко насилство.

За време на престојот во Кавадарци претседателот Пендаровски го посети „351 Студио“, еден од брендовите на македонската компанија „Скај Ај Ентертејмент“, која за безмалку една деценија изработила над 3800 уникатни видео решенија, соработувајќи со светски познати музички имиња и најголемите издавачки куќи како Ворнер Мјузик, Универзал Мјузик и Сони Мјузик. Претседателот Пендаровски изрази задоволство што креативноста на овие млади луѓе се препознава и вреднува во светски рамки, особено имајќи ја предвид силната конкуренција и динамичниот развој на оваа индустрија.

Во месноста Моклиште, во пресрет на одбележувањето на 80 години од масакрот во Ваташа, претседателот Пендаровски оддаде почит положувајќи свежо цвеќе пред споменикот на 12 младинци кои беа убиени на 16 јуни 1943 година од бугарскиот фашистички окупатор.

 

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Отворен Кабинет со ученици од ООУ „Григор Прличев“ од Скопје

Отворен Кабинет со ученици од ООУ „Григор Прличев“ од Скопје

Денеска Кабинетот на Претседателот, во рамки на активноста Отворен Кабинет, го посетија ученици од шесто одделение при ООУ „Григор Прличев“ од Скопје. За време на посетата, учениците беа запознаeни со историјатот на објектот во...

Обраќање на сопругата на претседателот на конференцијата „Родова еднаквост на работното место“

Обраќање на сопругата на претседателот на конференцијата „Родова еднаквост на работното место“

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска присуствуваше и се обрати на конференцијата „Родова еднаквост на работното место“ организирана по повод Меѓународниот ден за еднакви плати. Говорејќи за значајноста на зајакнувањето на економската сигурност на жените во...

Трет модул на Школата за политики за 2023 година при Претседателскиот центар за политичко образование

Трет модул на Школата за политики за 2023 година при Претседателскиот центар за политичко образование

Викендов во Кавадарци се одржа третиот модул на Школата за политики за 2023 година, при Претседателскиот центар за политичко образование. Третиот модул на Школата го отворија д-р Александар Љ. Спасов, претседател на Програмскиот совет на Претседателскиот центар за...

Обраќање на претседателот Пендаровски на затворањето на 44. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

Обраќање на претседателот Пендаровски на затворањето на 44. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше и се обрати на затворањето на 44. издание на интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола. Во своето обраќање, претседателот Пендаровски кој е...

Претседателот Пендаровски се сретна со мешовитиот стручен тим за конзервација и реставрација во црквата „Св.Ѓорѓија“ во с. Курбиново

Претседателот Пендаровски се сретна со мешовитиот стручен тим за конзервација и реставрација во црквата „Св.Ѓорѓија“ во с. Курбиново

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја посети црквата „Св. Ѓорѓија“ во с.Курбиново кадешто се одвива првата фаза од проектот за конзервација и реставрација на ѕидното сликарство во ентериерот на црквата којашто е ставена под заштита како културно-историски...