Средба на претседателката Сиљановска Давкова со комесарот за културни врски на Јапонија, Шуничи Токура

26 ноември 2024 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска прими делегација од јапонската Влада, предводена од комесарот за културни врски на Јапонија, Шуничи Токура, чија работна посета се реализира во годината кога се одбележува 30 годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји.

На средбата, на која присуствуваше и министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, соговорниците разменија мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете земји, како и за улогата на културната политика и дипломатија и важноста од унапредувањето на соработката во областа на културата.

Претседателката Сиљановска Давкова  ја поздрави посетата на Шуничи, како прва посета на висок претставник од јапонската влада во областа на културата и го поздрави потпишувањето на Меморандумот за соработка во областа на културата меѓу двете држави, изразувајќи уверување дека истиот ќе претставува силен поттик во развојот на културните врски меѓу двете земји.

Оценувајќи дека Меморандумот отвора нови можности за продлабочување на културната соработка, претседателката ја изрази својата поддршка на сите активности и иницијативи насочени кон воспоставување на културна размена и дијалог, како и развојни проекти од областа на културниот туризам.

Во таа насока, таа ги истакна нејзините заложби за меѓународна соработка, промовирање на културна размена како дел од дипломатските односи, за развој на македонските културни центри во странство и соодветна презентација на македонските културни вредности во светските музеи.

Во разговорот со Шуничи, Претседателката изрази задоволство што повеќе реномирани македонски уметници наредната година, ќе ја претстават нашата држава на ЕКСПО ОСАКА 2025, токму со изложбена поставка која ги отсликува особеностите на значајниот проект за постземјотресната реконструкција на Скопје, на јапонскиот архитект Кензо Танге.

На средбата, Претседателката истакна дека Јапонија многупати досега го има потврдено пријателството кон нашата земја и изрази благодарност за континуираната јапонска поддршка преку различни донации, грантови и проекти кои имаат за цел да го стимулираат нашиот економски и општествен развој.

Во таа насока, беше оценето дека за нас е особено важна јапонската иницијатива за соработка со земјите од Западен Балкан, како и споделувањето на јапонското искуство и знаење во делот на развојот на човечките ресурси и подобрување на капацитетите.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова се сретна со шпанскиот премиер Санчез, разговараа за македонската евроинтеграција и зголемувањето на економската соработка

Сиљановска-Давкова се сретна со шпанскиот премиер Санчез, разговараа за македонската евроинтеграција и зголемувањето на економската соработка

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на учеството на 4. Меѓународна конференција за финансирање на развојот во Севиља оствари средба со премиерот на Кралството Шпанија, Педро Санчез. Осврнувајќи се на нашите евроинтеграции, Сиљановска-Давкова посочи на...

Сиљановска-Давкова од Севиља: Потребно е фер финансирање за да се справиме со глобалните предизвици

Сиљановска-Давкова од Севиља: Потребно е фер финансирање за да се справиме со глобалните предизвици

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на Четвртата меѓународна конференција за финансирање на развојот, којашто под покровителство на ОН се одржува во Севиља. Во своето обраќање, таа ја...

Сиљановска-Давкова ќе учествува на 4. Меѓународна конференција за финансирање на развојот во Севиља

Сиљановска-Давкова ќе учествува на 4. Меѓународна конференција за финансирање на развојот во Севиља

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска ќе престојува во работна посета на Кралството Шпанија и ќе се обрати на првата пленарна сесија на 4. Меѓународна конференција за финансирање на развојот (FfD4), којашто под покровителство на ООН ќе се одржи во...

Сиљановска-Давкова прими припаднички на Армијата кои успешно завршија обука во САД

Сиљановска-Давкова прими припаднички на Армијата кои успешно завршија обука во САД

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги прими капетанката Неда Волчева и поручничката Сара Тасевска кои успешно го завршија седуммесечниот курс „Maneuver Captain's Career Course“во Џорџија, САД, организиран од американскиот тренинг центар „Fort Moore”. [gallery...

Средба на Сиљановска-Давкова со претседателот на Латвија, Едгарс Ринкевичс

Средба на Сиљановска-Давкова со претседателот на Латвија, Едгарс Ринкевичс

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со претседателот на Република Латвија Едгарс Ринкевичс на маргините на Самитот на НАТО во Хаг, на којашто искажаа задоволство од развојот на билатералните односи. Тие...