Претседателката Сиљановска Давкова на конференцијата по повод 20 години од постоењето на Центарот за истражување и креирање политики

27 мај 2024 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во Скопје се обрати на конференцијата што се одржа по повод 20 години од постоењето на Центарот за истражување и креирање политики.

Во обраќањето, претседателката Сиљановска Давкова нагласи дека ѝ е чест што го држи говорот на оваа конференција, особено затоа што е свесна дека само добрите јавни политики креираат јавна вредност и додаде дека имаме сериозен проблем со креирањето јавни вредности, посочувајќи дека затоа има иднина и поле за работа на Центарот за истражување и креирање политики.

Таа оцени дека научната методологија по стапките што ги промовира ЦИКП се оние во духот на најдобрите европски практики и ги охрабри и увери дека идеите што ги промовираат се импресивни и дека тие се компетитивни.

Посочувајќи дека овој тинк-тенк беше добредојден кај сите политички партии, од сите пратеници, претседателката Сиљановска Давкова нагласи дека помогна во градењето консензус кој многу тешко се гради со такви остри поделби во Собранието, во едно поделено општество како нашето и порача дека треба да продолжат да се држат до доказите, да градат консензус врз основа на докази, врз основа на аргументи зошто сама така се заслужува почит.

„И јас ќе се држам до духот на консензусот без кој не може да живее ни да преживее ниту еден претседател, консензус меѓу политичките партии, консензус без разлика на верските и етничките разлики, консензус без разлика на полот и родот, консензус без разлика на возраста зошто само така ќе чекориме кон владеење на правото, а без владеење на правото не може да постои Европската Унија“, рече претседателката Сиљановска Давкова.

Претседателката рече дека Балканот и народите на Балканот имаат потреба од јасна иднина и затоа треба европска стратегија и притоа порача дека е крајно време да препознаеме јасна европска стратегија бидејќи премногу чекавме.

„Мораме да најдеме регионални решенија, мораме од Балканот да направиме пристојно место за живеење, јас дури понекогаш велам досадно. Мислам дека и оние во ЕУ треба да ни помогнат на заедничкиот пат кој не е пат кон Брисел, туку е препознавање на европските вредности, принципи, институции овде на Балканот“, порача претседателката Гордана Сиљановска Давкова во обраќањето на конференцијата што се одржа по повод 20 години од постоењето на Центарот за истражување и креирање политики.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова одржа предавање на Правниот факултет во Загреб

Сиљановска-Давкова одржа предавање на Правниот факултет во Загреб

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја заврши официјалната посета на Република Хрватска со предавање на Правниот факултет во Загреб, посветено на парадоксите на македонските евроинтеграции. Во обраќањето таа го оцени нашиот...

Средба на Сиљановска-Давкова со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во Загреб

Средба на Сиљановска-Давкова со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во Загреб

Во рамки на официјалната посета на Република Хрватска, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ. На средбата беше изразено задоволство од одличните билатерални односи...

Сиљановска-Давкова по средбата со Милановиќ: Нема место за двојни стандарди во евроинтегративниот процес

Сиљановска-Давкова по средбата со Милановиќ: Нема место за двојни стандарди во евроинтегративниот процес

На официјална церемонија со највисоки државни и воени почести претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Загреб беше пречекана од претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, со што започна нејзината дводневна официјална посета на земјата. Двајцата...

Претседателката Сиљановска-Давкова во официјална посета на Република Хрватска

Претседателката Сиљановска-Давкова во официјална посета на Република Хрватска

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, од денеска ќе престојува во официјална посета на Република Хрватска. Утре, 24 март 2026 година, вторник, во Загреб претседателката Сиљановска-Давкова ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести од претседателот на...

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Рамазан бајрам

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот муслимански празник - Рамазан бајрам, упати честитка до верниците од исламска вероисповед и до поглаварот на Исламската верска заедница, реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван реис-ул-улема х....