Ѓоргиевска: Преку успешни претприемачки практики да ги поттикнеме и охрабриме руралните жени

17 октомври 2022 | Aктивности, Соопштенија

Сопругата на претседателот на Република Северна Македонија, Елизабета Ѓоргиевска денеска се обрати на конференцијата „Предизвиците на жените во руралните средини и нивните заложби“, што под нејзино покровителство се одржа во Кабинетот на претседателот.

Во рамки на настанот беше организирана и изложба на производи на жени земјоделки, со цел да се поттикнат жените да се вклучат во процесите на производство на прехранбени производи.

Во своето обраќање, Ѓоргиевска истакна дека е потребно преку презентирање на добри практики и успешни приказни за жени претприемачи во руралните средини, да се поттикнат руралните жени да се ослободат од традиционалните стеги и да претставуваат инспирација за останатите.

„Се надевам дека оваа конференција и изложбата којашто ја направивме овде во Кабинетот ќе овозможи промоција на сето она што го работите, да се покаже кое е всушност значењето на жената во руралните средини, воопшто во стопанството во нашата земја“, рече сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска.

Изразувајќи задоволство што изложбата, како еден од настаните по повод Меѓународниот ден на жената од руралната средина се реализира во Кабинетот на претседателот, Ѓоргиевска ја нагласи нејзината поддршка на ваквите настани и во иднина.

„Ви честитам за прекрасната изложба, имав можност да ја видам и навистина се надевам дека во иднина ќе направиме уште повеќе вакви изложби и на таков начин ќе се обезбеди подобар пласман на вашите производи“, истакна Ѓоргиевска.

Конференцијата и изложбата се во организација на Центарот за управување со промени(ЦУП) во соработка со Националната федерација на фармери по повод Меѓународниот ден на руралната жена, 15 Октомври.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Дискусија „Влијание и вклучување на гласачи: како до успешни политички кампањи?“ во организација на ПЦПО и ИРИ

Дискусија „Влијание и вклучување на гласачи: како до успешни политички кампањи?“ во организација на ПЦПО и ИРИ

Во Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија се одржа дискусија на тема „Влијание и вклучување на гласачи: како до успешни политички кампањи? - лекции од Соединетите Американски Држави“, во организација на Претседателскиот центар за политичко...

Претседателот Пендаровски се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција“ во пресрет на 28. Самит за климатски промени

Претседателот Пендаровски се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција“ во пресрет на 28. Самит за климатски промени

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција “, којашто се одржа во соработка со постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) Армен Григорјан, а во пресрет на претстојниот...

Претседателот Пендаровски го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година

Претседателот Пендаровски го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година

Претседателот Стево Пендаровски, на церемонија во Кабинетот на претседателот, денеска го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година. Признанието се доделува како поттик на научноистражувачката мисла и уметничката работа на младите во нашата држава. За Најдобра...

Панел – дискусија „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“ во рамки на 16 дена активизам против родово-базирано насилство

Панел – дискусија „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“ во рамки на 16 дена активизам против родово-базирано насилство

Под покровителство на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска и во соработка со Сојуз-Национален совет за родова рамноправност, денеска се одржа панел-дискусија на тема „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“,  по повод кампањата „16 дена активизам...

Претседателот Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“

Претседателот Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“ којшто се одржа во рамки на чествувањето на 100-годишнината од раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов, иницијатива под покровителство на Претседателот. [gallery...