Претседателот Пендаровски „Лице в лице“ во Кратово

6 ноември 2023 | Лице в лице со претседателот, Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“ денеска го посети Кратово.

Претседателот Пендаровски беше пречекан од професорот по стручни предмети во угостителско – туристичката струка во средното училиште „Митко Пенџуклиски“, Младен Мицевски, кој со дел од неговите ученици пред претседателот презентираа рачни изработки во духот на македонската традиција, плетени изработки, столарски и грнчарски производи, како и јадења подготвени на традиционален кратовски начин.

Мицевски заедно со професорката по економски предмети Драгана Андреева Јакимова, настојуваат да ги откријат талентите на учениците и да ги мотивираат да ги преточат нивните вештини во креативни бизнис идеи. На тој начин, учениците ќе ги зачуваат вредностите на Кратово и промовирајќи го градот ќе придонесуваат за развојот на руралниот туризам.

Во разговорот со претседателот Пендаровски тие ја нагласија важноста од комбинирање на стручното образование и бизнисот, како и примената на традиционалните занаети следејќи ги современите модерни текови. Двајцата професори го информираа претседателот дека во моментов активно и ентузијастички работат со околу педесетина ученици, а покрај поттикнување на претприемништвото, нивните активности имаат и хумана димензија – дел од традиционалните изработки ги донираат на лица со попреченост.

Мицевски кој работејќи како туристички водич има голем придонес во афирмација и промоција на Кратово, на претседателот Пендаровски му го претстави и богатото културно – историско наследство и природните реткости на градот, познатите кратовски борови од 14 век, средновековната Саат-кула, старата Ајдучка чаршија, муралот на занаетчиите, како и муралот во чест Вања Лазарова изработен по повод 30 годишнината од нашата независност.

Во Кратово, претседателот Пендаровски ја посети и занаетчиската работилница на ковачот Мијалче Нушев, еден од малкутемина активни занаетчии во Кратово, кој ковачкиот занает го наследил од својот татко со желба да ја одржи традицијата.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Обраќање на претседателот Пендаровски на одбележувањето на 30 години од основањето на Државниот завод за индустриска сопственост

Обраќање на претседателот Пендаровски на одбележувањето на 30 години од основањето на Државниот завод за индустриска сопственост

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на настанот со кој се одбележува 30-годишнината од основањето на Државниот завод за индустриска сопственост.  Почитуван директор на Државниот завод, Почитувани...

Претседателот Пендаровски се обрати на одбележувањето на 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи со Франција

Претседателот Пендаровски се обрати на одбележувањето на 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи со Франција

Претседателот Стево Пендаровски се обрати на приемот, што по повод 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Република Северна Македонија и Француската Република, се одржа вчеравечер во Скопје. Претседателот Пендаровски оцени дека...

Отворен кабинет со ученици од Програмата за младински лидери од маргинализирани заедници

Отворен кабинет со ученици од Програмата за младински лидери од маргинализирани заедници

Во рамки на активноста Отворен кабинет денеска Кабинетот на претседателот го посетија ученици од средните училишта: СУГС „Шаип Јусуф“, СУГС Марија Склодовска Кири и СУГС Лазар Танев коишто учествуваат во Програмата за младински лидери од маргинализирани заедници, чија...

Обраќање на претседателот Пендаровски на Отворениот форум за антикорупција

Обраќање на претседателот Пендаровски на Отворениот форум за антикорупција

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на отворањето на дводневниот Отворен Форум за антикорупција организиран од Македонскиот центар за меѓународна соработка, а во рамки на Програмата Граѓаните против корупцијата и Програмата Регионалната мрежа за...

Обраќање на сопругата на претседателот на тркалезната маса „Спречи, одговори, заштити: Како да се зајакне борбата против семејното насилство во Република Северна Македонија“

Обраќање на сопругата на претседателот на тркалезната маса „Спречи, одговори, заштити: Како да се зајакне борбата против семејното насилство во Република Северна Македонија“

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска се обрати на тркалезната маса „Спречи, одговори, заштити: Како да се зајакне борбата против семејното насилство во Република Северна Македонија“ што се одржа во организација на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, а по повод...