Изјава од претседателката Сиљановска-Давкова за одржаната Свечена академија по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик

6 мај 2025 | Соопштенија

Да се биде покровителка на Свечената академија по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, одржана во МАНУ, е ретка прилика и особена чест.

Да се говори пред академици, професори, министри, дипломати и пратеници, како и врвни познавачи, почитувачи и вљубеници во македонскиот јазик е голем предизвик.

Со задоволство ги слушав исклучителните излагања на претседателот на МАНУ, Живко Попов, министерката за образование и наука Весна Јаневска, министерот за култура и туризам Зоран Љутков и професорката Симона Груевска-Маџоска. Секој од нив, од свој агол и на автентичен начин ја осветли и расветли вековната генеза на македонскиот јазик пред неговата кодификација во 1945 година, една година по 2 Август 1944, кога на Првото заседание на АСНОМ беше прогласен за службен.

Еминентните говорници тргнаа од прасловенскиот јазик, вграден во старословенскиот, како прв книжевен јазик на Словените, никнат од говорот на македонските Словени околу Солун, како и од црковнословенските текстови од 10 и 11 век со специфични македонски зборови, продолжија со ракописите од крајот на 16 век, зачекорија во преродбата од 19 век.

Врвот на борбата за македонскиот јазик како книжевен сите го врзаа за Крсте Мисирков и „За македонцките работи“, како основа на кодификацијата од 1945 година.

Македонскиот јазик влезе во театарот преку драмите на Чернодрински, Иљоски, Крле и Панов и се пишуваше прекрасна поезија на македонски јазик. Среде Втората светска војна се печатат весници и буквари, а на ослободената територија се отвораат првите училишта на македонски јазик.

Кодификацијата што ја славиме, означи успешен крај на вековната македонска битка за свој јазик, како основен белег на македонскиот национален идентитет и посебност.

Кодификацијата е логично крунисување на заокружената генеза на македонскиот јазик како службен јазик на македонска држава и еден од трите службени јазици во Југословенската федерација!

Анахроно, нецивилизирано и парадоксално е да се негира македонскиот јазик. На него е создадена богата книжевност со врвна вредност, напишани се вредни научни трудови и речници, бројни лекторати за македонски јазик функционираат на познати универзитети.

Да си го почитуваме и сакаме македонскиот јазик оти тој е неразделен дел од нашиот уникатен македонски идентитет!

Гордана Сиљановска-Давкова

 

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова оствари телефонски разговор со претседателот на Република Азербејџан, Илхам Алиев

Сиљановска-Давкова оствари телефонски разговор со претседателот на Република Азербејџан, Илхам Алиев

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на нејзино барање, утрово оствари телефонски разговор со претседателот на Република Азербејџан, Илхам Алиев. Соговорниците ги потврдија македонско-азербејџанските пријателски односи и подготвеноста за нивно натамошно...

Сиљановска-Давкова: Врело стана најдлабока подводна пештера во светот!

Сиљановска-Давкова: Врело стана најдлабока подводна пештера во светот!

Претседателката вчеравечер се сретна со учесниците во меѓународната експедиција „Врело 2026“ и членовите на Спелеонуркачкиот клуб „Врело“, кои ја информираа за текот на експедицијата и за историскиот успех со кој пештерата Врело во кањонот Матка, со истражена...

Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на Проект ХОУП и Фондацијата БД

Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на Проект ХОУП и Фондацијата БД

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими Раби Торбеј, извршен директор на Проект ХОУП (Project HOPE) и Сиен Авалос, претседателка на Фондацијата БД (Becton, Dickinson and Company Foundation). За Сиљановска –...

Сиљановска-Давкова: Командата за операции е еден од столбовите на армискиот одбранбен систем

Сиљановска-Давкова: Командата за операции е еден од столбовите на армискиот одбранбен систем

Претседателката и врховна командантка на Вооружените сили, Гордана Сиљановска-Давкова, денеска се обрати на одбележувањето на 17 Октомври – Денот на Командата за операции, во касарната „Боро Менков“ во Куманово. Таа ја истакна клучната улога на Командата во одбраната...

Сиљановска-Давкова со експертот за Холокаустот Мајкл Баренбаум: Историската вистина за македонските Евреи мора да се зачува

Сиљановска-Давкова со експертот за Холокаустот Мајкл Баренбаум: Историската вистина за македонските Евреи мора да се зачува

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими д-р Мајкл Баренбаум, истакнат професор по еврејски студии и експерт за Холокаустот, кој во март годинава ја придружуваше за време на посетата на Меморијалниот комплекс „Треблинка“ во Полска. [gallery...