Претседателката Сиљановска Давкова присуствуваше на литургијата по повод 25 годишнината од востоличувањето на г.г. Стефан за поглавар на МПЦ-ОА

6 октомври 2024 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска Даквкова присуствуваше на литургијата во Соборниот храм ,,Св. Климент Охридски” во Скопје со која се одбележа празникот Собор на сите македонски Светители, а по повод 25 годишнината од востоличувањето на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан за поглавар на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија.

Претседателката Сиљановска Давкова оцени дека денешната позиција на црквата е благодарение на истрајноста и силната вера на македонскиот народ низ годините.

„Бројот на верниците, но и бројот на монасите, но и бројот на оние на највисоките позиции во црквата се зголемувал во најтешките времиња. Етиката, моралот, духот, се неразделни од Македонската православна црква. Не случајно зборуваме за македонски црковно-училишни општини. Нашите најпознати свештеници, најпочитувани, истовремено биле и учители. Додека постои македонски народ било каде на земјата, ќе постои и црквата“, изјави претседателката Сиљановска Давкова.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова се сретна со шпанскиот премиер Санчез, разговараа за македонската евроинтеграција и зголемувањето на економската соработка

Сиљановска-Давкова се сретна со шпанскиот премиер Санчез, разговараа за македонската евроинтеграција и зголемувањето на економската соработка

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на учеството на 4. Меѓународна конференција за финансирање на развојот во Севиља оствари средба со премиерот на Кралството Шпанија, Педро Санчез. Осврнувајќи се на нашите евроинтеграции, Сиљановска-Давкова посочи на...

Сиљановска-Давкова од Севиља: Потребно е фер финансирање за да се справиме со глобалните предизвици

Сиљановска-Давкова од Севиља: Потребно е фер финансирање за да се справиме со глобалните предизвици

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на Четвртата меѓународна конференција за финансирање на развојот, којашто под покровителство на ОН се одржува во Севиља. Во своето обраќање, таа ја...

Сиљановска-Давкова ќе учествува на 4. Меѓународна конференција за финансирање на развојот во Севиља

Сиљановска-Давкова ќе учествува на 4. Меѓународна конференција за финансирање на развојот во Севиља

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска ќе престојува во работна посета на Кралството Шпанија и ќе се обрати на првата пленарна сесија на 4. Меѓународна конференција за финансирање на развојот (FfD4), којашто под покровителство на ООН ќе се одржи во...

Сиљановска-Давкова прими припаднички на Армијата кои успешно завршија обука во САД

Сиљановска-Давкова прими припаднички на Армијата кои успешно завршија обука во САД

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги прими капетанката Неда Волчева и поручничката Сара Тасевска кои успешно го завршија седуммесечниот курс „Maneuver Captain's Career Course“во Џорџија, САД, организиран од американскиот тренинг центар „Fort Moore”. [gallery...

Средба на Сиљановска-Давкова со претседателот на Латвија, Едгарс Ринкевичс

Средба на Сиљановска-Давкова со претседателот на Латвија, Едгарс Ринкевичс

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со претседателот на Република Латвија Едгарс Ринкевичс на маргините на Самитот на НАТО во Хаг, на којашто искажаа задоволство од развојот на билатералните односи. Тие...