Отворен Кабинет за ученици од ООУ „Љубен Лапе“ од Скопје

13 октомври 2023 | Отворен Кабинет, Соопштенија

Ученици од ООУ „Љубен Лапе“ од Скопје денеска го посетија Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски во рамки на активноста Отворен Кабинет.

Посетителите се запознаа со претседателот Пендаровски поразговараа со него за претседателската функција, за надлежностите и редовните активности, а ги споделија и нивните интереси и афинитети во рамки на образовниот процес.

За време на престојот во Кабинетот учениците ги посетија просториите во коишто се одржуваат официјалните и работните средби, како и салите во коишто се реализираат состаноци, свечености, настани и прес-конференции. Во Мозаик салата го разгледаа импозантниот диптих „Македонија – светла земја“ и „Македонија – земјата памети“ на академик Глигор Чемерски.

Претходно присуствуваа и на церемонијата за промена на државното знаме на платото пред Кабинетот, извршена од припадниците на Баталјонот за почести и опслужување на Армијата, што се одржува со цел подигнување на чувството и почитта кон знамето на Република Северна Македонија, како репрезент и симбол на нашата држава.

Отворен Кабинет во континуитет овозможува граѓани од различни возрасти, професии и занимања, студенти од земјава и од странство и ученици од основни и средни училишта да остварат посета на Кабинетот и да се сретнат со претседателот Пендаровски.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Обраќање на претседателот Пендаровски на одбележувањето на 30 години од основањето на Државниот завод за индустриска сопственост

Обраќање на претседателот Пендаровски на одбележувањето на 30 години од основањето на Државниот завод за индустриска сопственост

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на настанот со кој се одбележува 30-годишнината од основањето на Државниот завод за индустриска сопственост.  Почитуван директор на Државниот завод, Почитувани...

Претседателот Пендаровски се обрати на одбележувањето на 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи со Франција

Претседателот Пендаровски се обрати на одбележувањето на 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи со Франција

Претседателот Стево Пендаровски се обрати на приемот, што по повод 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Република Северна Македонија и Француската Република, се одржа вчеравечер во Скопје. Претседателот Пендаровски оцени дека...

Отворен кабинет со ученици од Програмата за младински лидери од маргинализирани заедници

Отворен кабинет со ученици од Програмата за младински лидери од маргинализирани заедници

Во рамки на активноста Отворен кабинет денеска Кабинетот на претседателот го посетија ученици од средните училишта: СУГС „Шаип Јусуф“, СУГС Марија Склодовска Кири и СУГС Лазар Танев коишто учествуваат во Програмата за младински лидери од маргинализирани заедници, чија...

Обраќање на претседателот Пендаровски на Отворениот форум за антикорупција

Обраќање на претседателот Пендаровски на Отворениот форум за антикорупција

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на отворањето на дводневниот Отворен Форум за антикорупција организиран од Македонскиот центар за меѓународна соработка, а во рамки на Програмата Граѓаните против корупцијата и Програмата Регионалната мрежа за...

Обраќање на сопругата на претседателот на тркалезната маса „Спречи, одговори, заштити: Како да се зајакне борбата против семејното насилство во Република Северна Македонија“

Обраќање на сопругата на претседателот на тркалезната маса „Спречи, одговори, заштити: Како да се зајакне борбата против семејното насилство во Република Северна Македонија“

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска се обрати на тркалезната маса „Спречи, одговори, заштити: Како да се зајакне борбата против семејното насилство во Република Северна Македонија“ што се одржа во организација на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, а по повод...