Отворен Kабинет со ученици од ООУ „Војдан Чернодрински“ – Скопје

14 јуни 2023 | Отворен Кабинет, Соопштенија

Во рамки на активноста Отворен Kабинет денеска Кабинетот на претседателот го посетија ученици од ООУ „Војдан Чернодрински“ од Скопје.

Посетителите ги разгледаа просториите во коишто се реализираат официјалните и работните средби на претседателот, како и салите во коишто се одржуваат состаноци, свечености, настани и прес-конференции. Во Мозаик салата го разгледаа впечатливиот диптих „Македонија – светла земја“ и „Македонија – земјата памети“ на академик Глигор Чемерски.

Учениците имаа можност пред претседателот Пендаровски да ги споделат нивните интереси во рамки на образовниот процес, нивните хобија и вонучилишни активности, а изразија интерес и за претседателската функција и редовните активности во Кабинетот.

Отворен Кабинет како дел од проектот Лице в лице со Претседателот, во континуитет овозможува граѓани од различни возрасти, професии и занимања, студенти од земјава и од странство и ученици од основни и средни училишта да остварат посета на Кабинетот и да се сретнат со претседателот Пендаровски.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед во Република Северна Македонија и до поглаварот на Исламската верска заедница Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван...

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од Пацифичкиот Совет од САД, која престојува во посета на нашата држава. Истакнувајќи дека Соединетите Американски Држави се наш најголем стратешки партнер и сојузник во НАТО, претседателот Пендаровски посочи...

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан. Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните случувања во регионот на Западен Балкан, за стратешките интереси на земјава и...

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Претседателот Стево Пендаровски, денеска ја прими Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР). На средбата претседателот Пендаровски беше запознаен со планираните...