Отворен Кабинет со членови на Советот на млади на општина Гостивар и студенти од Архитектонски факултет – Скопје

31 јануари 2024 | Отворен Кабинет, Соопштенија

Во рамки на Отворен Кабинет членови на Советот на млади на општина Гостивар и студенти од Архитектонски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, денеска го посетија Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски.

За време на средбата со претседателот Пендаровски поразговараа за неговата работа и надлежности, а разменија и мислења за актуелните состојби во доменот на нивните кариерни и професионални интереси.

Во рамки на посетата на просториите на Кабинетот во коишто се реализираат официјалните и работните средби, се запознаа со историјатот на објектот и начинот на функционирање на институцијата. Во Мозаик салата го разгледаа импозантниот диптих „Македонија – светла земја“ и „Македонија земјата памети“ – дело на современиот уметник, академик Глигор Чемерски.

Во фоајето, студентите од архитектонскиот факултет имаа можност да ја разгледаат изложбената поставка „Лабораторија од минатото за иднината: Приказни за Летната школа по архитектура во манастирот Св. Јоаким Осоговски, 1992-2017“ со која, државата се претстави на Венециско биенале 2023.

Отворен Кабинет континуирано овозможува директни средби на граѓаните со претседателот Стево Пендаровски. Досега Кабинетот го посетиле илјадници граѓани од различни возрасти и занимања, студенти од земјава и од странство, како и ученици од основни и средни училишта од земјава.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед во Република Северна Македонија и до поглаварот на Исламската верска заедница Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван...

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од Пацифичкиот Совет од САД, која престојува во посета на нашата држава. Истакнувајќи дека Соединетите Американски Држави се наш најголем стратешки партнер и сојузник во НАТО, претседателот Пендаровски посочи...

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан. Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните случувања во регионот на Западен Балкан, за стратешките интереси на земјава и...

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Претседателот Стево Пендаровски, денеска ја прими Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР). На средбата претседателот Пендаровски беше запознаен со планираните...

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и епарх струмичко-скопски, и до сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот...