Учество на сопругата на претседателот на панел дискусија „Семејно насилство – потенцијални жртви и последици“

16 мај 2023 | Обраќања, Соопштенија

Сопругата на претседателот Пендаровски, г-а Елизабета Ѓоргиевска имаше воведно обраќање на панел дискусијата „Семејно насилство – потенцијални жртви и последици“ што се одржа на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, организирана од Европското здружение на студенти по право и млади правници (ЕЛСА) Северна Македонија, во соработка со Факултетското студентско собрание на Правниот факултет „Јустинијан Први“, УКИМ, Скопје.

Ѓоргиевска им порача на студентите дека мора да ги сензибилизираме граѓаните дека секој тип на семејно насилство, вербално, психолошко, физичко, сексуално или економско е недозволиво, како и дека треба навремено да се реагира и соодветно да се санкционира и искорени.

Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето на г-а Ѓоргиевска:

Почитувани студенти,
Почитувани членови на ЕЛСА,
Драги пријатели,

Почестена сум да бидам дел од денешната дискусија на тема „Семејно насилство – потенцијални жртви и последици”. Бездруго станува збор за исклучително актуелна тема и проблематика која е особено комплексна и бара многу внимателен пристап. Секако, покрај ангажманот  и посветеноста  за негово спречување, клучнa е соодветната помош и поддршка на жртвите од семејно насилство.

Карактеристично е што семејното насилство не разликува пол, возраст, социјални средина и може да се случи секому. Сепак статистиката покажува дека далеку поголем број од жртвите се жени и тука можеме да направиме паралела со родовoто насилство. За жал секоја втора жена во нашата земја е жртва на психолошко насилство, а секоја петта жена се соочува со одредена форма на физичко насилство. Поразува фактот дека основна причина за појавата на семејно насилство е сѐ уште силната вкоренетост и доминација на патријархалната матрица со која жената се става во подредена улога во однос на мажот во бракот и семејството. Просто чуди, а воедно е и загрижувачки, како и зошто стереотипните и конзервативните ставови за родовите улоги во семејството кај нас жилаво опстојуваат и во 21от век.

За семејното, но и насилството воопшто, мораме да зборуваме отворено и гласно, постојано и упорно.  Само така полесно ќе  можеме да го спречиме. Мораме да ги сензибилизираме нашите граѓани дека секој тип на семејно насилство, вербално, психолошко, физичко, сексуално или економско е недозволиво и треба навремено да се реагира и соодветно да се санкционира и искорени.

Домот и семејството се местата во кои треба се чувствуваме најслободни и најбезбедни. Доколку во семејството постои насилство, и доколку тоа се премолчува, тогаш траумите, стравовите, повредите ги пренесуваме надвор и тие стануваат не само товар и препрека во нашето  квалитетно животно секојдневие, туку еднакво придонесуваат за назадување и блокирање во целокупното општествено опкружување, во релациите и комуникациите со другите. За жртвите на семејно насилство, семејството кое треба да биде нашето засолниште од ударите кои надворешниот свет ги создава, во кое треба да постои постојана взаемна грижа, љубов и прифаќање,  одеднаш станува своевиден затвор и мачилиште, што создава безнадежност и агонија, оставајќи трајни психички последици.  

Жртвите ја губат самопочитта  и самодовербата и целосно се заробени во замката на влијанието и динамиката која ја креира насилникот. Во таквиот психодинамски контекст тие се обезмоќени да преземат нешто со што би ја промениле состојбата. Се обвинуваат себеси за насилството и губат надеж дека воопшто некој би можел да им помогне. Сево ова води кон изолација и губење на релацијата со надворешниот свет, со семејството и пријателите. Секако тоа е плодна почва за суицидни пориви, кои често завршуваат и со реален исход на посегање по сопствениот живот. Како колатерална штета на ваквите односи и состојби се јавуваат децата кои често и самите се изложени на малтретирање од насилникот во семејството. Жртвите особено ги погодува што не само себеси, туку не можат да ги заштитат и децата. 

Почитувани,

Статистиката која ја споменав на почетокот е поразувачка и бележи зголемување на случаите на пријави за семејно насилство. Од друга страна, тоа е и показател дека жртвите не одбираат да молчат и да трпат и го пријавуваат насилството што би требало да биде позитивна тенденција. Ја  користам оваа можност да им се заблагодарам на сите кои отворено зборуваат за семејното насилство што го доживеале и посведочиле, и со тоа ги охрабруваат и останатите жртви . Доколку стравот и срамот не се надминат и доколку за нештата не зборуваме и не ги разоткриеме, не можеме да се бориме против нив. За семејното насилство не се зборува од срам и страв, но и од неинформираност и незнаење, а за жал понекогаш и од недоверба во ефикасноста на органите на прогонот и судските инстанци. Ова мора да се промени. Потребна е агилност и проактивност на сите институции, невладини организации, експерти и на сите нас како индивидуи. Се надевам дека и денешната дискусија е мал придонес во насока на справување со семејното насилство и посакувам да се избориме со ова зло.

Ви благодарам за вниманието

 

 

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Дискусија „Влијание и вклучување на гласачи: како до успешни политички кампањи?“ во организација на ПЦПО и ИРИ

Дискусија „Влијание и вклучување на гласачи: како до успешни политички кампањи?“ во организација на ПЦПО и ИРИ

Во Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија се одржа дискусија на тема „Влијание и вклучување на гласачи: како до успешни политички кампањи? - лекции од Соединетите Американски Држави“, во организација на Претседателскиот центар за политичко...

Претседателот Пендаровски се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција“ во пресрет на 28. Самит за климатски промени

Претседателот Пендаровски се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција“ во пресрет на 28. Самит за климатски промени

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција “, којашто се одржа во соработка со постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) Армен Григорјан, а во пресрет на претстојниот...

Претседателот Пендаровски го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година

Претседателот Пендаровски го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година

Претседателот Стево Пендаровски, на церемонија во Кабинетот на претседателот, денеска го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година. Признанието се доделува како поттик на научноистражувачката мисла и уметничката работа на младите во нашата држава. За Најдобра...

Панел – дискусија „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“ во рамки на 16 дена активизам против родово-базирано насилство

Панел – дискусија „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“ во рамки на 16 дена активизам против родово-базирано насилство

Под покровителство на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска и во соработка со Сојуз-Национален совет за родова рамноправност, денеска се одржа панел-дискусија на тема „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“,  по повод кампањата „16 дена активизам...

Претседателот Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“

Претседателот Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“ којшто се одржа во рамки на чествувањето на 100-годишнината од раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов, иницијатива под покровителство на Претседателот. [gallery...