Претседателката Сиљановска Давкова оствари средба со бугарскиот претседател Радев во Софија

13 септември 2024 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во Софија оствари тет-а-тет средба со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, по што се одржа состанок на македонската и бугарската делегација, на кој покрај претседателката Сиљановска Давкова присуствуваа и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски и министерот за култура и туризам, Зоран Љутков.

На средбата со бугарскиот претседател се разговараше за потребата од засилен развој на македонско-бугарските односи, за надминување на отворените прашања меѓу двете земји, за текот на пристапниот процес за членство во Европската Унија и искористување на бугарските искуства на тој пат, како и за можностите за поттик и унапредување на билатералната соработка во повеќе области.

Претседателката посочи дека се потребни постојан дијалог и разговор меѓу двете соседни држави членки на НАТО и позитивни примери од двете страни со цел градење на стабилни добрососедски односи.

Во тој контекст таа го истакна значењето на културната и јавната дипломатија, како и потребата за унапредување на соработката во областа на инфраструктурата, економијата и трговската размена и фокусирање на предизвиците од сегашноста, наместо фокус врз минатото.

Во разговорот со претседателот Радев, претседателката истакна дека македонските власти ги преземаат сите неопходни активности за изградба на повеќе крупни регионално – инфраструктурни проекти кои се од стратешко значење за земјава, регионот и за Европската Унија.

На средбата, претседателката Сиљановска Давкова ја истакна неопходноста од продолжување на билатералниот политички дијалог на сите нивоа, размена на посети и градење на односи со меѓусебно почитување и поддршка, при што беше истакнато позитивното искуство во соработката на планот на културната размена, којашто придонесува за зголемување на довербата и пријателството помеѓу двете општества.

На средбата беа разменети мислења и за развојот на македонско-бугарските односи низ призма на предизвиците со кои се соочуваме на регионално и на глобално ниво, а за кои е потребен заеднички и усогласен пристап.

Во интерес на унапредување на мултисекторската соработка, соговорниците ја посочија можноста за вклучување покрај на институционалните и на вон-институционалните чинители, граѓанскиот и бизнис секторот, како и на научно – образовните институции и медиумите.

На средбата, претседателката Сиљановска Давкова упати покана до претседателот Радев за посета на нашата земја, која бугарскиот претседател ја прифати.

Претседателката Сиљановска Давкова на средбата изрази сочувство за денешниот трагичен инцидент во Бугарија, во кој при пад на воен авион, загинаа двајца пилоти на бугарската авијација.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Делегација од Кабинетот на Претседателот положи цвеќе пред споменикот на Свети Климент Охридски во Скопје

Делегација од Кабинетот на Претседателот положи цвеќе пред споменикот на Свети Климент Охридски во Скопје

Делегација од Кабинетот на Претседателот, денеска положи свежо цвеќе пред споменикот на просветителот и основополжникот на Охридската книжевна школа, Свети Климент Охридски, во дворот на истоимената Национална и универзитетска библиотека во Скопје. [gallery...

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод празникот Свети Климент Охридски

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод празникот Свети Климент Охридски

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка до сите верници од православна вероисповед, по повод државниот празник Свети Климент Охридски. Почитувани, Денеска, на 8 Декември го чествуваме Свети Климент Охридски, нашиот најголем просветител и најверен...

Обраќање на Сиљановска-Давкова на Свечената академија по повод државниот празник „Св. Климент Охридски“

Обраќање на Сиљановска-Давкова на Свечената академија по повод државниот празник „Св. Климент Охридски“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на Свечената академија по повод државниот празник „Св. Климент Охридски“, којашто под нејзино покровителство се одржа во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје. [gallery...

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваната амбасадорка на Виетнам, Нујен Ти Мин Нујет

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваната амбасадорка на Виетнам, Нујен Ти Мин Нујет

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Социјалистичка Република Виетнам, со седиште во Софија, Нујен Ти Мин Нујет. Во обраќањата на церемонијата обете...

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваната амбасадорка на Индонезија, Листиана Оперананта

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваната амбасадорка на Индонезија, Листиана Оперананта

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска на свечена церемонија ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Република Индонезија, Листиана Оперананта, со седиште во Софија. Сиљановска-Давкова изрази задоволство од динамиката на...