Средба на претседателката Сиљановска Давкова со хрватскиот претседател Зоран Милановиќ

8 октомври 2024 | Соопштенија, Средби

 

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска оствари средба со претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ во Тиват, Црна Гора, каде учествуваат на состанокот на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони.

На средбата претседателката Сиљановска Давкова изрази благодарност за цврстата и континуирана поддршка од Хрватска во процесот на евроинтеграции, што е најдобриот пат за развој на нашиот регион и стабилноста на Европа.

Во таа насока, претседателката Сиљановска Давкова истакна дека евроинтеграцискиот процес мора да се ослободи од оковите на билатералните прашања и целосно да се дебилатеризира, посочувајќи на опасноста од зголемување на евроскептицизмот поради актуелниот ќор-сокак во кој се наоѓа процесот.

 

Претседателката Сиљановска Давкова посочи на потребата Европската Унија да ја потврди својата јасна посветеност на регионот, како што беше направено на Самитот во Солун во 2003 година, а процесот на интеграција да се базира на исполнување на критериумите од Копенхаген како единствени услови за влез во унијата.

Во контекст на регионалната соработка, претседателката Сиљановска Давкова истакна дека нејзиното зајакнување ќе обезбеди нашиот регион да остане отпорен на надворешни притисоци.

На средбата претседателката Сиљановска Давкова потенцираше и дека како НАТО сојузници, силно сме посветени на промовирање и споделување на заедничките вредности и одговорности во рамките на Алијансата, придонесувајќи за меѓународните мировни операции, споделувајќи заеднички ставови во однос на ситуацијата на регионално и мултилатерално ниво за мир и стабилност во регионот.

Во разговорите беше констатирано дека двете држави негуваат одлични билатерални односи, кои се карактеризираат со интензивен политички дијалог, конструктивна соработка во сите области од заемен интерес и долгогодишно пријателство.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова на отворањето на Народната канцеларија: Ова е почеток на поотворена и подиректна комуникација со граѓаните

Сиљановска-Давкова на отворањето на Народната канцеларија: Ова е почеток на поотворена и подиректна комуникација со граѓаните

Како резултат на континуираните заложби на претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за поголема отвореност и непосредна комуникација со граѓаните, денеска во Скопје беше отворена Народната канцеларија на Претседателот. [gallery...

Интервју на претседателката Сиљановска-Давкова за Македонското радио – Радио Скопје

Интервју на претседателката Сиљановска-Давкова за Македонското радио – Радио Скопје

Ексклузивна гостинка во Македонското радио – Радио Скопје е почитуваната претседателка на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова. Добредојдовте во нашето студио.  Добро ве најдов. Денеска се навршуваат две години од стапувањето на претседателската...

Средба на Сиљановска-Давкова со канадските претприемачи со македонско потекло, Џон Битов помладиот и Јордан Битов

Средба на Сиљановска-Давкова со канадските претприемачи со македонско потекло, Џон Битов помладиот и Јордан Битов

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставници на македонската дијаспора во Канада, меѓу кои и канадските претприемачи Џон Битов помладиот и Јордан Битов, учесници на самитот „Македонија 2025“. Таа им се...

Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на СОС Детско село Македонија

Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на СОС Детско село Македонија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со претставници на СОС Детско село Македонија по повод одбележувањето на 25-годишнината од постоењето и работата на организацијата. Таа упати честитки по повод значајниот јубилеј до вработените, соработниците и...

Сиљановска-Давкова: Македонската држава има насушна потреба од соработка со дијаспората

Сиљановска-Давкова: Македонската држава има насушна потреба од соработка со дијаспората

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова вечерва се обрати на приемот во пресрет на дводневниот, традиционален Самит на Македонија 2025 и ги врачи признанијата за придонес на припадниците на дијаспората. Признанието во соработка со Македонија 2025, се доделува на...