Претседателката Сиљановска Давкова го прими словачкиот амбасадор, Хенрик Маркуш

24 јуни 2024 | Соопштенија, Средби

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими амбасадорот на Република Словачка, Хенрик Маркуш.

На средбата се разговараше за севкупните билатерални односи и можностите за унапредување на соработката во различни области од заемен интерес.

Претседателката Сиљановска Давкова истакна дека билатералните односи се карактеризираат со пријателство и разбирање оценувајќи дека меѓу двете земји постојат силни културни врски поради наследството на светите браќа Кирил и Методиј.

Нагласувајќи дека годинава се одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи со Словачка, претседателката Сиљановска Давкова се заблагодари за принципиелната поддршка од Словачка и од Вишеградската група како традиционален поддржувач на македонските евроинтеграции и посветен партнер во НАТО.

Во насока на продлабочување на соработката во области од заемен интерес, Претседателката истакна дека е видлив растот на трговската размена за којашто постои можност во наредниот период да постигне поголеми резултати со заеднички ангажман од двете страни. Таа нагласи дека од особен интерес е и интензивирањето на билатералниот политички дијалог.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателката Сиљановска-Давкова на одбележувањето на 135 години од раѓањето на д-р Анастас Коцарев

Претседателката Сиљановска-Давкова на одбележувањето на 135 години од раѓањето на д-р Анастас Коцарев

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска присуствуваше и се обрати на настанот посветен на 135 годишнината од раѓањето на д-р Анастас Коцарев, познат онколог во светот, роден во Македонија. Годишнината од неговото раѓање паралелно се одбележува во Скопје и...

Претседателката Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Киргистан, Руслан Казакбаев

Претседателката Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Киргистан, Руслан Казакбаев

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Киргистанската Република, со седиште во Анкара, Руслан Казакбаев. На церемонијата на предавање на...

Благодарност за изразеното сочувство за трагедијата во Кочани

Благодарност за изразеното сочувство за трагедијата во Кочани

Претседателката Сиљановска-Давкова, во име на македонските граѓани и во лично име, изразува неизмерна благодарност за изразеното сочувство за трагедијата што се случи во Кочани, од: Н.В. Кралот Чарлс III, крал на Обединетото Кралство Н.В. Кралот Карл XVI Густаф, крал...

Обраќање на претседателката Гордана Сиљановска–Давкова до граѓаните

Обраќање на претседателката Гордана Сиљановска–Давкова до граѓаните

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати до граѓаните, по повод трагедијата што рано утрово се случи во Кочани. Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето на претседателката Сиљановска-Давкова.  Почитувани сограѓани, Сите сме во шок, и самата сум...

Претседателката Сиљановска-Давкова на 12. Глобален форум во Баку: ЕУ останува наша стратешка цел, а САД ќе продолжи да биде наш стратешки партнер

Претседателката Сиљановска-Давкова на 12. Глобален форум во Баку: ЕУ останува наша стратешка цел, а САД ќе продолжи да биде наш стратешки партнер

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на 12. Глобален форум во Баку, на сесијата на тема „Пактот за иднината на Обединетите нации: градење на нов глобален консензус“. Таа повика на суштински реформи коишто ќе ги направат глобалните институции...