Претседателката Сиљановска Давкова ја прими Ребека Јанковска од Здружението „Јас Сум Жена“

28 јуни 2024 | Соопштенија, Средби

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Ребека Јанковска, претставничка на Здружението „Јас Сум Жена“.
 
На средбата, претседателката Сиљановска Давкова беше информирана за досегашната работа и активности на здружението коишто се насочени кон вмрежување на успешни жени, едуцирање и истражување во сите сфери на општеството во земјава и пошироко. Во тој контекст, беа истакнати настаните и програмите кои вклучуваат работилници и предавања на домашни и странски експерти на сите теми од интерес на жените преку кои ќе се придонесе да се стекнат вештини и квалитети за нивно поголемо вклучување во општествените текови и создавање на повеќе можности за идните генерации.
 
На средбата се разговараше и за претстојното трето издание на Глобалната женска лидерска конференција „Јас Сум Жена“ коешто претставува едно од најзначајните активности на ова здружение.
 
Претседателката Сиљановска ги поздрави посветеноста и заложбите на Здружението „Јас Сум Жена“ и ја изрази својата поддршка посакувајќи им успеси во предвидените активности.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Официјална посета на претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ

Официјална посета на претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ

Ве известуваме дека на 31 март 2026 година, вторник, во официјална посета на земјава ќе престојува претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ. Заинтересираните медиуми за следење на официјалната посета, потребно е да се акредитираат најдоцна до 30 март 2026 година,...

Сиљановска-Давкова одржа предавање на Правниот факултет во Загреб

Сиљановска-Давкова одржа предавање на Правниот факултет во Загреб

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја заврши официјалната посета на Република Хрватска со предавање на Правниот факултет во Загреб, посветено на парадоксите на македонските евроинтеграции. Во обраќањето таа го оцени нашиот...

Средба на Сиљановска-Давкова со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во Загреб

Средба на Сиљановска-Давкова со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во Загреб

Во рамки на официјалната посета на Република Хрватска, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ. На средбата беше изразено задоволство од одличните билатерални односи...

Сиљановска-Давкова по средбата со Милановиќ: Нема место за двојни стандарди во евроинтегративниот процес

Сиљановска-Давкова по средбата со Милановиќ: Нема место за двојни стандарди во евроинтегративниот процес

На официјална церемонија со највисоки државни и воени почести претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Загреб беше пречекана од претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, со што започна нејзината дводневна официјална посета на земјата. Двајцата...