Претседателката Сиљановска Давкова ги додели стипендиите „Борис Трајковски“ за академската 2024/2025 година

4 ноември 2024 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги додели стипендиите „Борис Трајковски“ за академската 2024/2025 година на 20 најдобри студенти кои своето образование ќе го продолжат на Eвропскиот кампус на Универзитетот Јорк, СИТИ КОЛЕЏ во Солун, Грција.

Во своето обраќање на настанот, претседателката Сиљановска Давкова рече дека студирањето на Европскиот кампус на Универзитетот Јорк, СИТИ КОЛЕЏ во Солун, е вистински интелектуален и животен предизвик за секој млад човек решен да го продлабочи знаењето, да ги прошири видиците надвор од татковината, витешки да се натпреварува и да другарува со младите од различни држави и култури, да учи од еминентни професори, да се усовршува и облагородува.

„Продолжете ја мисијата на претседателот Трајковски во градењето на разбирање, пријателство, добрососедство и соработка, во случајов преку образовна, научна и културна дипломатија меѓу двете држави. Докажете дека образованието и знаењето зближуваат, а не делат“, истакна Претседателката.

На добитниците на стипендии, Претседателката им порача дека двојната диплома како круна на успешното студирање ќе ги направи посигурни во себе, ќе ја зголеми нивната самопочит и ќе им отвори многу врати за професионален ангажман и ќе ја поттикне образовната мобилност.

„Сигурна сум дека вашиот избор за стипендисти не е случаен, туку заслужен. Верувам и посакувам да бидете пример за идните студенти како што претседателот Трајковски беше и остана инспиративен пример на политички лидер со дигнитет, интегритет и духовна длабочина!“, рече претседателката Сиљановска Давкова.

Поздравувајќи ги стипендистите, министерката за образование и наука, Весна Јаневска истакна дека стипендијата „Борис Трајковски“ е добра можност студентите да добијат двојна диплома: од Универзитетот Јорк и од Универзитетот во Стразбур, а за време на студиските престои во Велика Британија, Франција и Грција да бидат дел од нови, динамични средини, да учат, но и да се дружат со млади кои доаѓаат од различни култури создавајќи трајни пријателства.

„Како држава ја поддржуваме образовната мобилност и политиките на Европската Унија за справување со одливот на мозоци, а Владата, преку мултиресорски пристап, креира мерки и активности за да се намали заминувањето на кадрите кои нам ни требаат“, нагласи министерката Јаневска.

Посакувајќи им добредојде на стипендистите на Европскиот кампус на Универзитетот Јорк, СИТИ КОЛЕЏ, директорот Јоанис Верверидис истакна дека извршната МБА е меѓународна програма, испорачана од меѓународни професори од висок калибар, чија цел е подобрување и развој на нивните лидерски и менаџерски вештини.

„Наша цел е да ви понудиме уникатно меѓународно образовно искуство што ќе ви овозможи да се остварите и да напредувате во глобалното опкружување и да направите разлика во општеството и економијата на вашата земја и на целиот регион, придонесувајќи за јавното добро“, нагласи директорот Верверидис.

Стипендиите „Борис Трајковски“  за студии од втор циклус на извршната МБА програма се доделуваат од 2003 година и досега се доделени 297 стипендии. Доделувањето на овие стипендии е резултат на успешната соработка меѓу Претседателот, Министерството за образование и наука, Меѓународната фондација „Борис Трајковски“ и СИТИ КОЛЕЏОТ во Солун. Годинешните стипендисти ќе се стекнат со две дипломи за мастер студии по деловна администрација и тоа од Универзитетот Јорк, Обединетото Кралство и од Универзитетот во Стразбур, Франција.

 

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Обраќање на претседателката Гордана Сиљановска–Давкова до граѓаните

Обраќање на претседателката Гордана Сиљановска–Давкова до граѓаните

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати до граѓаните, по повод трагедијата што рано утрово се случи во Кочани. Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето на претседателката Сиљановска-Давкова.  Почитувани сограѓани, Сите сме во шок, и самата сум...

Претседателката Сиљановска-Давкова на 12. Глобален форум во Баку: ЕУ останува наша стратешка цел, а САД ќе продолжи да биде наш стратешки партнер

Претседателката Сиљановска-Давкова на 12. Глобален форум во Баку: ЕУ останува наша стратешка цел, а САД ќе продолжи да биде наш стратешки партнер

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на 12. Глобален форум во Баку, на сесијата на тема „Пактот за иднината на Обединетите нации: градење на нов глобален консензус“. Таа повика на суштински реформи коишто ќе ги направат глобалните институции...

Претседателката Сиљановска-Давкова на отворањето на 12. Глобален форум во Баку: ОН се маргинализирани тогаш кога ни се најпотребни

Претседателката Сиљановска-Давкова на отворањето на 12. Глобален форум во Баку: ОН се маргинализирани тогаш кога ни се најпотребни

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на свеченото отворање на 12. Глобален форум во Баку, што во организација на Меѓународниот центар „Низами Ганџави“ се одржува од денеска до 15 март во Баку, Република Азербејџан. Таа оцени дека Глобалниот...

Претседателката Сиљановска-Давкова во Баку се сретна со претседателката на Националното Собрание, Сахиба Гафарова и со премиерот Али Асадов

Претседателката Сиљановска-Давкова во Баку се сретна со претседателката на Националното Собрание, Сахиба Гафарова и со премиерот Али Асадов

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Република Азербејџан, денеска во Баку оствари средби со претседателката на Националното Собрание, Сахиба Гафарова и со премиерот Али Асадов. [gallery...

Претседателката Сиљановска-Давкова одржа предавање на Универзитетот АДА во Баку

Претседателката Сиљановска-Давкова одржа предавање на Универзитетот АДА во Баку

Светот е во длабока криза и ова е последен повик за нешто да биде променето, порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во своето предавање вчера попладне пред академската заедница и студентите на Универзитетот АДА во Баку, за време на нејзината официјална...