Претседателот Пендаровски „Лице в лице“ во гостиварското село Тумчевиште

27 октомври 2023 | Лице в лице со претседателот, Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“ го посети гостиварското село Тумчевиште.

Во Тумчевиште, претседателот Пендаровски се сретна и поразговара со претставничките на локалното здружение на жени фармери „Моја Фарма“ и нивната претседателка Живка Ѓурчиновска, која е првата жена регистрирана како индивидуална земјоделка во ова село.

На средбата, на којашто присуствуваа и претставници од здружението „Руралната коалиција“ и Агенцијата за поттикнување на  развојот на земјоделството, претседателот Пендаровски беше запознаен со поддршката која што ја добиваат од државата, како и со предизвиците и проблемите со кои се соочуваат во однос на пласманот и откупот на земјоделските производи, малиот број на откупни центри, како и лошата инфраструктура. Во таа насока, жените земјоделки го информираа претседателот Пендаровски за нивните натамошни планови, со условите за работа како и со потребата од поголемо родово одговорно буџетирање во земјоделството и руралниот развој. Со цел да ги следат современите процеси, жените земјоделки истакнаа дека е неопходно постојано инвестирање во модернизација на производството.

Воедно, претседателот Пендаровски беше информиран со активностите на нивното здружение во кое членуваат околу педесетина жени, организирањето на манифестацијата „Да ја зачуваме традицијата“, како и со работењето на нивната он-лајн продавница „Наша тезга“ како прв интернет пазар за продажба на земјоделски производи и преработена храна на традиционален начин, произведени исклучиво од жени од руралните средини.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Обраќање на претседателот Пендаровски на одбележувањето на 30 години од основањето на Државниот завод за индустриска сопственост

Обраќање на претседателот Пендаровски на одбележувањето на 30 години од основањето на Државниот завод за индустриска сопственост

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на настанот со кој се одбележува 30-годишнината од основањето на Државниот завод за индустриска сопственост.  Почитуван директор на Државниот завод, Почитувани...

Претседателот Пендаровски се обрати на одбележувањето на 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи со Франција

Претседателот Пендаровски се обрати на одбележувањето на 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи со Франција

Претседателот Стево Пендаровски се обрати на приемот, што по повод 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Република Северна Македонија и Француската Република, се одржа вчеравечер во Скопје. Претседателот Пендаровски оцени дека...

Отворен кабинет со ученици од Програмата за младински лидери од маргинализирани заедници

Отворен кабинет со ученици од Програмата за младински лидери од маргинализирани заедници

Во рамки на активноста Отворен кабинет денеска Кабинетот на претседателот го посетија ученици од средните училишта: СУГС „Шаип Јусуф“, СУГС Марија Склодовска Кири и СУГС Лазар Танев коишто учествуваат во Програмата за младински лидери од маргинализирани заедници, чија...

Обраќање на претседателот Пендаровски на Отворениот форум за антикорупција

Обраќање на претседателот Пендаровски на Отворениот форум за антикорупција

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на отворањето на дводневниот Отворен Форум за антикорупција организиран од Македонскиот центар за меѓународна соработка, а во рамки на Програмата Граѓаните против корупцијата и Програмата Регионалната мрежа за...

Обраќање на сопругата на претседателот на тркалезната маса „Спречи, одговори, заштити: Како да се зајакне борбата против семејното насилство во Република Северна Македонија“

Обраќање на сопругата на претседателот на тркалезната маса „Спречи, одговори, заштити: Како да се зајакне борбата против семејното насилство во Република Северна Македонија“

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска се обрати на тркалезната маса „Спречи, одговори, заштити: Како да се зајакне борбата против семејното насилство во Република Северна Македонија“ што се одржа во организација на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, а по повод...