Сиљановска-Давкова ја прими претседателката на турската Црвена полумесечина, Фатма Мерич Јилмаз

9 октомври 2026 | Соопштенија

Гордана Сиљановска-Давкова денеска ја прими Фатма Мерич Јилмаз, претседателка на турската Црвена полумесечина и членка на Советот на претседателот на Република Турција, придружувана од претседателката на македонскиот Црвен крст, Лилјана Ристевска.

Претседателката, успешната соработка меѓу Црвениот крст и турската Црвена полумесечина воспоставена во 1995 година, ја оцени како силен фактор во градењето пријателски македонско-турски односи.

Според неа, сè посложените хуманитарни предизвици, наметнуваат потреба од поголема меѓународна солидарност, координирана помош и премин од реактивно кон превентивно дејствување.

Таа укажа дека јакнењето на регионалната хуманитарна соработка, како и споделувањето на знаења, искуства и добри практики, водат кон поефикасен, навремен и соодветен одговор на кризите.

Сиљановска-Давкова го поздрави проширувањето на постојните и иницирањето нови заеднички проекти меѓу двете национални организации, насочени кон помош на ранливите категории во воени, но и во мирнодопски услови. 

Фатма Мерич Јилмаз информираше за улогата на турската Црвена полумесечина и нејзината меѓународна мрежа, како и за плодната соработка со македонскиот Црвен крст преку бројни програми, донации и обуки.

Таа нагласи дека во фокусот на нивните хуманитарни активности во моментов се лица постари од 65 години, како најзапоставена категорија граѓани.

Исто така, Јилмаз потсети на несебичната турска помош на граѓаните на Скопје, по катастрофалниот земјотрес во 1963, но и на возвратената македонска помош на турските граѓани по катастрофалниот земјотрес во Турција во 2023. „Беше изградено ново училиште, коешто денес го носи името „Македонија“ – додаде таа.

На Сиљановска-Давкова таа ѝ подари архивски записи и историски фотографии, коишто ја документираат помошта од турската Црвена полумесечина за време на скопскиот земјотрес во 1963.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова оствари телефонски разговор со претседателот на Република Азербејџан, Илхам Алиев

Сиљановска-Давкова оствари телефонски разговор со претседателот на Република Азербејџан, Илхам Алиев

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на нејзино барање, утрово оствари телефонски разговор со претседателот на Република Азербејџан, Илхам Алиев. Соговорниците ги потврдија македонско-азербејџанските пријателски односи и подготвеноста за нивно натамошно...

Сиљановска-Давкова: Врело стана најдлабока подводна пештера во светот!

Сиљановска-Давкова: Врело стана најдлабока подводна пештера во светот!

Претседателката вчеравечер се сретна со учесниците во меѓународната експедиција „Врело 2026“ и членовите на Спелеонуркачкиот клуб „Врело“, кои ја информираа за текот на експедицијата и за историскиот успех со кој пештерата Врело во кањонот Матка, со истражена...

Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на Проект ХОУП и Фондацијата БД

Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на Проект ХОУП и Фондацијата БД

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими Раби Торбеј, извршен директор на Проект ХОУП (Project HOPE) и Сиен Авалос, претседателка на Фондацијата БД (Becton, Dickinson and Company Foundation). За Сиљановска –...

Сиљановска-Давкова: Командата за операции е еден од столбовите на армискиот одбранбен систем

Сиљановска-Давкова: Командата за операции е еден од столбовите на армискиот одбранбен систем

Претседателката и врховна командантка на Вооружените сили, Гордана Сиљановска-Давкова, денеска се обрати на одбележувањето на 17 Октомври – Денот на Командата за операции, во касарната „Боро Менков“ во Куманово. Таа ја истакна клучната улога на Командата во одбраната...

Сиљановска-Давкова со експертот за Холокаустот Мајкл Баренбаум: Историската вистина за македонските Евреи мора да се зачува

Сиљановска-Давкова со експертот за Холокаустот Мајкл Баренбаум: Историската вистина за македонските Евреи мора да се зачува

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими д-р Мајкл Баренбаум, истакнат професор по еврејски студии и експерт за Холокаустот, кој во март годинава ја придружуваше за време на посетата на Меморијалниот комплекс „Треблинка“ во Полска. [gallery...