Претседателката Сиљановска Давкова на дебата на Советот за безбедност на ОН и на состанок на Глобалната коалиција за справување со заканите од синтетички дроги

25 септември 2024 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во рамки на учеството на 79. Генерално Собрание на Обединетите Нации, присуствуваше на состанокот на Глобалната коалиција за справување со заканите од синтетички дроги и на дебатата на Советот за безбедност, кадешто оствари куси средби со повеќе лидери и претставници на меѓународни организации.

На покана на претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден, претседателката Сиљановска Давкова присуствуваше на состанокот на Глобалната коалиција за справување со заканите од синтетички дроги, што ја предводи САД, со цел обединување на меѓународните напори и преземање на координирани акции во справување со заканите од синтетички дроги, коишто се во пораст на глобално ниво. На состанокот се обратија американскиот претседател Бајден и државниот секретар на САД, Ентони Блинкен.

Претседателката Сиљановска Давкова присуствуваше и на состанокот на Советот за безбедност на Обединетите Нации, со кој претседаваше словенечкиот премиер Роберт Голоб,  на тема „Одржување на мирот и безбедноста на Украина“, на којшто се дискутираше и беа разменети информации за безбедносната состојба во Украина.

Во рамки на учеството на Генералното Собрание на Обединетите Нации претседателката Сиљановска Давкова оствари средба со извршната директорка на Агенцијата на Обединетите Нации за родова еднаквост и зајакнување на жените (UN Womеn), Сима Бахус.

Двете соговорнички споделија искуства за активностите што ги преземаат жените – лидери за промовирање и одржување на мирот и одржливиот развој и разменија мислења за чекорите што треба да ги преземат светските лидери со цел обезбедување континуиран напредок во родовата еднаквост, јакнење на улогата на жените и нивна поголема вклученост во процесите на одлучување и креирање политики.

Претседателката Сиљановска Давкова ја истакна подготвеноста на македонските институции за натамошно продолжување на успешната соработка со Агенцијата на Обединетите Нации за родова еднаквост и зајакнување на жените, како и нејзината силна посветеност за унапредување на севкупната улога на жените.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Изјава за медиумите

Изјава за медиумите

Прашање: Дали планирате средба со бугарскиот премиер во Хаг? Претседателката Сиљановска-Давкова: Не можам да ви одговорам дали планирам, бидејќи јас за евентуална средба разговарав со господинот Антонио Кошта. Негов беше предлогот. А во меѓувреме јас не знам. Јас ќе...

Сиљановска-Давкова ги прими шпанскиот амбасадор и претставниците на ОН и УНДП во пресрет на Конференцијата во Севиља

Сиљановска-Давкова ги прими шпанскиот амбасадор и претставниците на ОН и УНДП во пресрет на Конференцијата во Севиља

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги прими амбасадорот на Кралството Шпанија, Рафаел Сориано Ортиз, постојаната координаторка на ОН, Рита Колумбија и претставникот на УНДП во Скопје, Армен Григорјан, во пресрет на одржувањето на 4. Меѓународна конференција за...

Сиљановска-Давкова го потпиша Договорот на ОН за заштита на водите и обезбедување нивен одржлив развој

Сиљановска-Давкова го потпиша Договорот на ОН за заштита на водите и обезбедување нивен одржлив развој

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на третата конференција на Обединетите Нации за океанот којашто се одржува во Ница, го потпиша Договорот според Конвенцијата на ОН за правото на морето за зачувување и одржливо користење на морската биолошка...

Сиљановска-Давкова: ООН постои да гради мир не само меѓу нациите, туку и со природата

Сиљановска-Давкова: ООН постои да гради мир не само меѓу нациите, туку и со природата

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на третата Конференција на Обединетите Нации за океанот (UNOC3) за поддршка на спроведувањето на целта 14 за одржлив развој ,,Зачувување и одржливо користење на океаните, морињата и морските ресурси за одржлив...

Сиљановска-Давкова ќе учествува на третата Конференција на ОН за океанот (UNOC3) во Ница

Сиљановска-Давкова ќе учествува на третата Конференција на ОН за океанот (UNOC3) во Ница

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска престојува во работна посета на Ница, Франција, каде ќе учествува на третата Конференција на Обединетите Нации за океанот (UNOC3). За време на конференцијата Сиљановска-Давкова ќе присуствува на приемот во чест на...