Обраќање на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска, на конференцијата „Жените во надворешната политика“

14 октомври 2022 | Aктивности, Соопштенија

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска, преку видео-порака се обрати на втората меѓународна конференција „Жените на надворешната политика“, што вчера и денеска се одржува во Скопје. Домаќин на конференцијата е заменик-министерката за надворешни работи на Република Северна Македонија, Фатмире Исаки.

Во продолжение го проследуваме интегралниот текст од обраќањето.

Почитувана г-а Исаки,
Почитувани гости,

Ви благодарам за можноста повторно да бидам дел од овој форум на кој се дискутира една значајна тема како што е родовата еднаквост во надворешната политика.

Би сакала да се извинам што поради обврски, не сум во можност да бидам дел од денешната дискусија.

Драго ми е што оваа иницијатива што ја започнавме пред неколку години, почнува да добива свој тек и прераснува во форум на кој може да дискутираме за чекорите кои ни се потребни, за напорите што треба да ги вложиме за поголема родова еднаквост и унапредување на теренот за еднакви можности за жените и мажите во секоја сфера.

Учеството на жените во политиката и безбедноста е признаено како човеково право неопходно за глобалниот напредок.

Последните две децении беа обележани со напорите да се подобрат нормативната рамка и политиките за родова еднаквост, што доведе до подобрување на положбата на жените и до унапредување на родовата

еднаквост, но родовите нееднаквости и понатаму се изразени во сите релевантни области за постигнување еднаков социјален статус, влијание и благосостојба на жените и мажите.

Пандемијата ни ја покажа на дело нееднаквоста во која живееме. Покрај товарот од извршувањето на професионалните обврски, жените ги имаа и обврските во домот, а тоа е второто неплатено работно место што го има секоја жена.

Кризата во Украина уште еднаш ни потврди дека жените и мажите се различно засегнати од конфликт. Украинските жени се соочуваат со бариери за нивното економско, граѓанско и политичко учество, дополнително попречено од ризиците од економска кревкост, лоши здравствени услови и изложеност на насилство.

За да можеме да говориме за родова еднаквост, потребни се дополнителни чекори и мерки. За постигнување на родова еднаквост, потребно е ефективно вградување на родовите перспективи во сите општествени текови, политики и практики. Потребно ни е да имаме повеќе жени на лидерски и раководни позиции. И не само жени, потребно ни е да имаме изградено свесност и кај мажите и кај жените за инклузивен пристап во раководењето и водењето на процесите. Жените и потребите на жените мора да бидат дел од планирањето и креирањето на политиките, како и дел од носењето на одлуките и решенијата кои се носат. Ако не ги вклучиме жените, ние исклучуваме половина од светското население.

Единствен начин за постигнување вистински просперитет во општеството е преку еднаквост помеѓу мажите и жените во сите сфери на јавниот и приватниот живот. Користењето на најдобрата можна комбинација на искуство, вештини и перспективи е од клучно значење за генерирање на иновативни и разновидни идеи. Не можеме да ги пропуштиме можностите што ги дава различноста. Исто така не треба да се стремиме кон различноста само заради различноста, туку да се погрижиме да ги добиеме најдобрите таленти со најшироко разбирање за да се справиме со предизвиците.

Жените се од суштинско значење за идентификување на издржани, инклузивни решенија кои можат да доведат до одржлив мир.

Сепак пречките за нивното рамноправно учество во градењето на мирот и безбедноста, се уште постојат.

Промовирањето на пристапот и можностите за жените во сите процеси на донесување одлуки поврзани со мирот, безбедноста, стабилноста, вклучително и решавање на конфликти е клучна компонента за ефикасноста и легитимноста на безбедносните сили.

Мора да ги надминеме предрасудите и претпоставките за тоа како се гради безбедноста.

Она што е важно да се нагласи е важноста на жените и нивните компетенции, не само како миротворци или поради нивните дипломатски или комуникациски вештини, туку и како влијателни во организацијата во целост. На жената не треба да се гледа само како нумерички исполнета квота, туку како компетентна да ги извршува функциите на сите нивоа, на сите позиции, во сите сфери од животот.

Носителите на одлуки на највисоки нивоа треба да се осврнат на оваа тема.

Ви благодарам.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваната амбасадорка на Република Куба

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваната амбасадорка на Република Куба

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Република Куба во Република Северна Македонија, Мариета Гарсија Хордан. На свечената церемонија на предавање на акредитивните...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Грузија

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Грузија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Грузија за Република Северна Македонија, Отар Бердзенишвили. Во обраќањето на свечената церемонија претседателот Пендаровски изрази очекување дека амбасадорoт со...

Обраќање на претседателот Пендаровски на 26-та Конференција на САД-Јадранската Повелба

Обраќање на претседателот Пендаровски на 26-та Конференција на САД-Јадранската Повелба

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на отворањето на 26-та Конференција на началници на генералштабови на земјите членки и набљудувачи на САД-Јадранската повелба, што се одржува во Скопје. [gallery...

Средба на претседателот Пендаровски со словенечкиот министер за одбрана, Шарeц

Средба на претседателот Пендаровски со словенечкиот министер за одбрана, Шарeц

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими министерот за одбрана на Република Словенија, Марјан Шарец, кој престојува во официјална посета на земјава. На средбата беше потврдена заедничката заложба за интензивирање на билатералната соработка во областа на...

Интервју на претседателот Пендаровски за TRT World

Интервју на претседателот Пендаровски за TRT World

Во интервју за TRT World, реализирано за време на 78. Генерално Собрание на Обединетите Нации во Њујорк, претседателот Пендаровски говори за надминувањето на разликите за името и влезот на државата во НАТО, апсирациите за членство во Европската Унија и војната во...