Одговори на новинарски прашања по настанот „Ден на македонската адвокатура“

16 јуни 2026 | Интервјуа

Претседателката Сиљановска-Давкова: Прво, не случајно адвокатурата е уставна категорија. Второ, не случајно Павел Шатев е тој којшто е еден од првите акти што ги потпишал, се однесувале на адвокатурата. Тоа значи, адвокатурата е незаменлива во одбраната на владеењето на правото, еве јас успеав денеска да посочам некои светски трендови коишто не постојат кај нас. Во правната, во правосудната фела, најчесто, судиите се регрутираат од најдобрите адвокати. Кај нас, најдобрите судии си заминуваат од судот. Погодете зошто и одат во адвокатурата. Понатаму, кога разговараме за закон, за јавно обвинителство, за судство и така натаму, забораваме дека еден правен базен на знаење, на искуство се адвокатите.Значи, зашто да не можаше од редот на адвокатите да се регрутираат, а не само преку судската академија, јавни обвинители и судии, така ние ќе добиевме на квалитет заради нивното искуство и заради нивното знаење. Особено сум среќна денеска што гледам овде многу студенти, нема статус што може да го замени учителот во мене и јас сум горда што многу од нив се бунтовни, умни, луѓе од знаење во судницата и тоа ме охрабрува дека има шанса не само за правото, туку и за правдата.

Претседателке, ова што беше нападот през возилоте на бугарската амбасада, сметате ли дека тоа ќе ги наруши уште повеќе  нашите односи со Бугарија? 

Претседателката Сиљановска-Давкова: Не можам веднаш да кажам, се разбира дека за мене напад на возило е вандалски чин, но велам дека не можам однапред да пресудам, судот ќе каже што се случило, но просто не ми се верува. Не би требало да ги наруши односите. Зошто? Бидејќи ми се чини дека побрза акција и реакција немало, колку што знам јас сторителот или причинителот опожарувачот веќе е притворен, да почекаме што ќе каже судот.

Истата тема, ако може со Бугарија. Може ли да ми кажете, поранешниот член на  македонско-бугарската историска комисија, Вангелов, вели дека покрај уставните измени, тука има и други исто работи и протоколи кои што треба да се надминат, па дали сте оптимист дека ќе се надминат со оглед на тоа што станува збор за човек којшто беше дел од комисијата и добро знае што се случува во истата?

Претседателката Сиљановска-Давкова: Да, најпрво морам да кажам дека Огнен мислам, дека професорот Огнен Вангелов е извонреден политиколог, не само политиколог, туку и со историски познавања, ин медиас рес одвнатре ги виде состојбите во комисијата. Да, го следев неговото многу, многу темелно инспиративно интервју и сама кажувам сум побарала совет од него и да, ми ги изнесе неговите видувања, мислам дека дури и ги објави, сосема во право е. Значи, протоколите како инструменти, не знам дали да го употребам вистинскиот збор записници, бидејќи овие се чудни протоколи,  не се како протоколи со коишто точно се утврдува процедурата на спроведувањето на одредбите од Договорот за пријателство и добрососедство, зошто во чл. 12 нема одредба дека треба да се смени Уставот, па вие да конкретизирате како тоа ќе се спроведе, туку имаме едно искуство богато ние на комисии, особено по Втората светска војна, меѓутоа и на другите континенти, после многу конфликти и спорови, разговарале Французите со Германците, разговарале Полјаците со Германците, меѓутоа не можело едни на други да наредат, особено не нивните министри за надворешни работи, измена на Уставот. Да, мислам дека тоа што го кажа професорот Вангелов е точно. Не само низ призма на правна анализа на договорот, туку и низ призма на неговото конкретно искуство во работата на комисијата и ние тоа го слушаме не само од политичари, го слушаме од многу други луѓе. Затоа сметаме дека треба нешто друго да се направи, дека треба гаранции.

Го поздравивте нон-пејперот на Мерц и Макрон како позитивен чекор да кажеме за Западен Балкан генерално, што содржи тој нон-пејпер? Но, кажавте дека треба да ги мериме зборовите, додека вистина не се појави. За Македонија што е прифатливо, што не, што е замка за Македонија?

Претседателката Сиљановска-Давкова: Да, многу е тешко прашањето бидејќи обајцата зборуваме за нон-пејпер. Значи не за еден документ. Видовте дека неколку дена по промоцијата на нон-пејперот од францускиот претседател и од германскиот канцелар, веќе пет држави исто така предложија еден акт, што е добро.Прво, за мене што е добро, што за првпат се релативизира или има обид за релативизација на ветото? Ако сте го виделе предлогот на петте држави, значи да, па и она што го кажа и евромесарката за проширување, дека 15 години нема да може да се употребува ветото. Многупати сум рекла дека мене ми е сосема јасно дека ветото е право на сите членки на Европската Унија, меѓутоа и исчекорот од состојбата во која што сме, кога 26 држави можат да речат дека е акцискиот план сосема во ред, дека има високи стандарди, дека има заштита на слободи и права вклучувајќи ги и малцинските. И тоа го потврдуваат државите и сега една вели не.Тоа ја покажува природата на државите кои посегнуваат по вето. Тоа нема да остане на нас, туку ќе се случува и во иднина. Веројатно, го пресретна оневозможувањето на проширувањето заради не Копенхашките причини, туку заради идентитетски или историски причини не ќе може Европската Унија да стане или да остане една компетитивна творба, политички систем што инспирира и други држави од Евроазија да се приклучат бидејќи во овој сложен свет на чудни играчи, моќни, бидејќи гледаме ние дека сегај нешто во Евроазија одат работите, не е тоа ништо ново, тоа е веќе познат еден феномен, треба да се превземат некои мерки.Нас, па, добро е да сте вклучени целосно во единствениот пазар, добро е да сте вклучени во соработката Erasmus+, добро е да имате пристап и до многубројни други средства, коишто до сега ги немавме ние, зашто така станувате неформален член на Европската Унија или ве држи во кондиција и постојано соработувате и се европеизирате. Сум го кажала тоа, ама уште еднаш ќе го кажам. Неодржливо е, опасно е да сакате да бидете членка на ЕУ, не за да бидете стандардни според стандардите на ЕУ, туку за да го блокирате и да бидете посилни одвнатре со правото на вето и да ги блокирате соседите.Нелогично е тоа. Кој, ако не регионалните играчи во одбраната на регионалниот профил и регионалната заедница? Тоа е ми се чини она што е најважно. И тука е еден голем исчекор, е сега ќе видиме.На крајот само да кажам да убаво звучи комесарката кога зборува за мега понеделник во којшто сите тргнале напред и така натаму. Многу исчекориле во Копенхашките критериуми. Јас сум тука реална.Јас имам длабоки чувства и разбирање за Украина. Исто така и за Молдавија. Меѓутоа, не можам, а да не кажам дека Западниот Балкан е многу понапред од нив.Впрочем скринингот тоа го покажува и дека ако може тие технички да напредуваат замислете за една година шесте кластери ќе ги поминете или ќе ги отворите и поглавјата, исто така можеме и ние бидејќи пречката кон нас е ирационална според мене.

Претседателке ќе ве навратам на тема Бугарија. Од опозициската СДСМ, во неколку наврати досега ја вадат од контекст вашата изјава и велат дека ги поддржувате во нивните барања, односно исполнување на условот внесување на Бугарите во Уставот, меѓутоа по средбата во Софија се потврди дека, впрочем, само уставните измени не се пречка туку и ќе има и други барања, меѓу другото и пратоколите. Како ќе им одговорите?

Претседателката Сиљановска-Давкова: Сега ќе ви кажам, јас не ги бранам нивните барања, ниту ги застапувам, ниту пак други барања, ги застапувам моите ставови, се разбира и интересна работа. Новинарите никогаш не може да се критикуваат и не треба да се критикуваат, меѓутоа мислам дека кога ќе го дадат текстот на мојата изјава дека не треба да губиме време, не треба да ни го земаат времето на идентитетски проблеми, туку треба да не остават да се фокусираме на Копенхашките критериуми, а изворот го знаеме кој е, не е само вториот и првиот, односно вториот и другите протоколи ќе бидат, бидејќи во секоја средба тоа се потенцира и јасна ви е мојата позиција. Ама, мислам дека и на гледачите им е јасно кога читаат дека е ова некоја, како да кажам, интересна интерпретација. Автентична интерпретација може авторот на изјавата да даде,  јас и малку сум, вчудоневидена, но јас се разбира, се воздржувам од коментари, бидејќи коментар на коментарот е бесплодна методологија и игра, и велам па луѓево читаат, гледаат, споредуваат и јасно им е.

Ваш коментар за ставот на Али Ахмети за победник со победник да коалицираат на изборите, вие како шеф на државата и како професорка по Уставно право за доделување на парламентарно мнозинство.

Претседателката Сиљановска-Давкова: Интересен коментар. Јас еве не како професорка по Уставно, туку како експерт на Обеденетите Нации за избори. Значи вака. Еднаш мораме да научиме ние дека без оглед дали се работи за мултикултурно општество, кога има избори, победникот е еден. Зошто иначе би одел некој на избори, ако добиените гласови не се основа  да биде прогласен за победник. Но, со оглед на нашата политичка и партиска структура, дури и кога победникот имал двотретинско мнозинство, посегал по коалицирање што е многу одговорен чин. Зошто? И заради заедничката одговорност, мислам особено на албанските партии, заедничката одговорност и за решавање на проблемите внатре во институциите. Но, што е она што кај нас е чудно, во сиве овие години? Резултатот не може да биде посакуваниот, ако вие немате право да одберете во коалицијата некој со чија програма, па и идеологија вашата е компатибилна. Друго би било ако влезете во предизборна коалиција, поште вака ние викаме во изборното право. Може да сте мала партија, но со голем изборен капацитет кога? Ако ве посакуваат за коалиционен партнер другите партии, односно победничката. Ама, оваа теза дека има двајца победници и дека секогаш треба да влезат, знаете до што ќе доведе? Ќе доведе до 20 години влез само на едни и на други и на неможност другите да влезат во коалицијата и се разбира, да бидат почитувани и да добијат определени позиции. Решението е, кое е решението? Ние, да не се држиме само до етничките поделби и етничката рацио, оти тоа секаде е привремен чекор кон Рамковниот договор го цитираше господинот, го споменуваше. Најважното во Рамковниот договор е граѓанско општество со почитување на етничките права. Ние не сме направили како Бугарија, членка на ЕУ, Бугарија ги забранува со уставот партиите засновани на етнички и верски клуч. Ние реалноста сме ја почитувале и сме ја вградиле во системот што не е лош, но мислам дека здружувањето, коалицирањето треба да се однесува на нешта што се заеднички, што се европски, точно на Копенхашките критериуми, владеење на право, либерална пазарна економија, понатаму слободи и права, вклучувајќи ги и малцинските права, се разбира, туа се демократските, независното судство, тоа е нешто што нас нè обединува оти заеднички прашања, сите размислуваме со емоции, не секогаш разумно.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на граѓанското здружение „САНО“

Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на граѓанското здружение „САНО“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Народната канцеларија во Скопје се сретна со претставници на граѓанското здружение „САНО“, коешто ги обединува родителите и децата кои го победиле, или сè уште се борат со канцерот. [gallery...

Средба на Сиљановска-Давкова со Здружението на воени ветерани и воени инвалиди „Братство 2001“

Средба на Сиљановска-Давкова со Здружението на воени ветерани и воени инвалиди „Братство 2001“

Во Народната канцеларија во Скопје, денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со претставници на Здружението на воени ветерани и воени инвалиди „Братство 2001“. На средбата присуствуваа Владо Томески,...

Изјава за медиуми и одговори на новинарски прашања по средбата со бугарската претседателка Илијана Јотова во Софија

Изјава за медиуми и одговори на новинарски прашања по средбата со бугарската претседателка Илијана Јотова во Софија

Новинарско прашање: Заврши средбата со вашата колешка Jотова, што разговаравте? Претседателката Сиљановска-Давкова: Средбата беше отворена и сите ги искажавме сопствените позиции. Се разбира, секојпат и разговор почнува некаде и некогаш. Денес го започнавме и ние овој...

Сиљановска-Давкова во Софија оствари средба со бугарската претседателка Илијана Јотова

Сиљановска-Давкова во Софија оствари средба со бугарската претседателка Илијана Јотова

На маргините на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во Софија, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, остварија средба со бугарската претседателка Илијана Јотова....

Сиљановска-Давкова во Софија оствари средба со Албулена Хаџиу, вршител на должноста претседателка на Косово

Сиљановска-Давкова во Софија оствари средба со Албулена Хаџиу, вршител на должноста претседателка на Косово

На маргините на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во Софија, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со Албулена Хаџиу, вршител на должноста претседателка на Република Косово. На...