Посета на сопругата на претседателот на детските клиники во Скопје и неформална средба со деца и млади во Млади Хаб

4 јануари 2024 | Aктивности, Соопштенија

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска денеска беше во посета на ЈЗУ Универзитетската клиника за детски болести и ЈЗУ Институт за белодробни заболувања кај децата – Козле во Скопје, а во Канцеларијата на претседателот, Млади Хаб имаше неформална средба со деца и млади, претставници на Здружението на лица со Даунов синдром „Трисомија 21“ и Танцовото студио “Еурека“.

Во Одделот за гастроентерологија при ЈЗУ Универзитетската клиника за детски болести, Скопје, сопругата на претседателот придружувана од директорката д-р Валентина Цвејоска Чолаковска, посети неколку соби на хоспитализирани деца на кои им додели подароци и играчки, а со вработените имаше можност да поразговара за нивната работа насочена кон лечење на најмладите пациенти. Во ЈЗУ Институт за белодробни заболувања кај децата – Козле во Скопје заедно со економскиот директор м-р Тахир Таири, посети неколку соби на хоспитализирани деца. На најмладите пациенти им додели подароци и играчки и им посака побрзо да оздрават и да се вратат во своите семејства.

Во Канцеларијата на претседателот Млади Хаб, сопругата на претседателот се дружеше со деца и млади,  претставници на Здружението на лица со Даунов синдром „Трисомија 21“ и Танцовото студио “Еурека“ . На децата и младите им додели подароци и играчки, а низ забава и заедничка дружба, г-а Ѓоргиевска им посака многу безгрижно детство, многу здравје и среќа во Новата Година.

 

На денешните настани на кои присуствуваше сопругата на претседателот, таа беше придружувана од претставници на фабриката “Макпрогрес“ и нивниот бренд Винчини кои на децата им подарија играчки коишто се дел од хуманитарната донација од децата за децата.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...