Сопругата на претседателот во посета на Битола

29 март 2024 | Aктивности, Соопштенија

Сопругата на претседателот Елизабета Ѓоргиевска денеска беше во посета на Битола при што ја посети Приватната установата за социјална заштита на стари лица Дом Софија и оствари средби со претставници на Центарот за психосоцијална поддршка и истражувања „Одраз“ и со младата историчарка Ивана Хаџиевска.

Во Установата за социјална заштита на стари лица Дом Софија, сопругата на претседателот имаше можност да ги посети и да поразговара со лицата кои овде престојуваат, а се запозна и со условите и нејзиното функционирање, како и со разновидните активности што се преземаат во насока на следење на состојбата и здравствените потреби на оваа категорија на граѓани.

На средбата со група за поддршка на жени со разни типови канцер  од Центарот за психосоцијална поддршка и истражувања „Одраз“, г-а Ѓоргиевска се запозна со нивните активности коишто имаат за цел пружање на секаков вид на психоцијална поддршка во секојдневната битка на жените заболени од канцер. На средбата беа присутни и претставнички на Здружението на дијабетичари на општина Битола со кои разговараше за нивните тековни предизвици и нивните потреби.

Во рамки на средбата со младата и меѓународно призната историчарка и истражувачка Ивана Хаџиевска којашто ја проучува женската современа историја на 20 век и денес, се разговараше за нејзините последни истражувања „Македонка“ и „Архиви на невидливите“, кои се резултат на заеднички истражувачки процес со тим на антрополози и културолози. На средбата се разви дискусија за историските, културолошките и антрополошките сознанија за позицијата жената денес, и за важноста на институционалната поддршка на ваквите истражувања кои можат да помогнат во понатамошната заложба за родовата еднаквост.

 

 

 

 

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...