Сопругата на претседателот на отворање на сензорна соба во ООУ „Блаже Конески“ – Скопје

6 септември 2021 | Aктивности, Соопштенија

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска, денеска присуствуваше на отворањето на нова сензорна соба во ООУ „Блаже Конески“ во општина Аеродром – Скопје. Сензорната соба е дополнителна можност за учениците со посебни образовни потреби да имаат подобри услови за вклученост во образовниот систем.

Активноста се реализира како дел од работата на Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ во рамки на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“. Проектот е во соработка со Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хендимак“.

Сопругата на претседателот, г-ѓа Елизабета Ѓоргиевска со своето присуство на отворањето на сензорната соба даде поддршка на напорите на граѓанскиот сектор и институциите за зајакнување на инклузијата во образовниот систем со цел поголема вклученост на повеќе ученици со посебни образовни потреби.

Проектот „Биди ИН, биди Инклузивен, биди ИНклудиран“ придонесува кон унапредување на можностите за образование на учениците со посебни образовни потреби и развој на инклузивно основно образование. Досега се отворени четири сензорни соби и три инклузивни игралишта, а две училишта добија помошна технологија и дидактички материјали за лица со попреченост. Во наредниот период ќе се работи на подобрување на пристапноста во 40 училишта, а како дел од проектот се доделуваат месечни стипендии за 320 ученици со попреченост. Во оваа учебна година оваа бројка ќе се зголеми за дополнителни 150 стипендисти.

Проектот се реализира со финансиска поддршка од Европската унија. Сензорните соби во  ООУ „Блаже Конески“ и во ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ во општина Аеродром се направени со донација на Евроинс Осигурување АД Скопје и општината Аеродром.

Претседателот Пендаровски минатата година имаше средба со претставниците на Фондацијата „Чекор по чекор“ на која ја  изрази својата целосна поддршка за подигнување на јавната свест за подобрување на инклузијата во нашето општество и унапредување на можностите за образование на учениците со посебни образовни потреби.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед во Република Северна Македонија и до поглаварот на Исламската верска заедница Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван...

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од Пацифичкиот Совет од САД, која престојува во посета на нашата држава. Истакнувајќи дека Соединетите Американски Држави се наш најголем стратешки партнер и сојузник во НАТО, претседателот Пендаровски посочи...

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан. Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните случувања во регионот на Западен Балкан, за стратешките интереси на земјава и...