Сопругата на претседателот со најмладите во рамки на фестивалот „Литера“

26 мај 2023 | Aктивности, Соопштенија

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска учествуваше на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера 2023“ што се одржува во Музејот на град Скопје.

Во рамки на настанот, г-ѓа Ѓоргиевска на присутните деца од училишна возраст им ја прочита сликовницата „Облакот во жолто палто“ на хрватската авторка и мултимедијална уметница Николина Манојловиќ Врачар. Сопругата на претседателот имаше можност да поразговара со авторката на сликовницата којашто заедно со илустраторите и креативните уметници Доминик Вуковиќ и Бранка Холингсворт-Нара како гости од Хрватска учествуваа во разновидната програма на фестивалот.

Во разговорот со гостите од Хрватска и со идејниот творец на фестивалот „Литера“, Софија Семенпеева, сопругата на претседателот ја истакна големата важност од одржување на вакви манифестации кадешто публиката има можност да се запознае со авторите и литературата за деца и млади, со што се подигнува свеста кај родителите и децата за влијанието на ваквите литературни изданија врз правилниот интелектуален и емоционален развој на децата.

“Литера” е меѓународен фестивал за литература и илустрација за деца во чии рамки се одржуваат разновидни активности наменети за стручната јавност, издавачките куќи кои објавуваат литература за деца и млади, децата од школска и претшколска возраст, родителите, илустраторите и книжевниците. На фестивалот на гостите од Хрватска им се придружија домашни илустратори, писатели, автори на сликовници, издавачи, мултимедијални ликовни уметници.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед во Република Северна Македонија и до поглаварот на Исламската верска заедница Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван...

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од Пацифичкиот Совет од САД, која престојува во посета на нашата држава. Истакнувајќи дека Соединетите Американски Држави се наш најголем стратешки партнер и сојузник во НАТО, претседателот Пендаровски посочи...

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан. Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните случувања во регионот на Западен Балкан, за стратешките интереси на земјава и...