Претседателката Сиљановска-Давкова присуствуваше на свечената божествена литургија во Соборниот храм во Скопје

7 јануари 2025 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод одбележувањето на Христовото раѓање – Божиќ, присуствуваше на Архиерејската Златоустова литургија во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје, со која чиноначалствуваше архиепископот охридски и македонски, г. г. Стефан.

По завршувањето на божествената литургија, претседателката Сиљановска-Давкова во разговор со верниците го упати традиционалниот поздрав „Христос се роди, навистина се роди!“, споделувајќи празнични желби за мир, радост и благосостојба во секој дом.

„Се надевам дека, како што архиепископот неколкупати напомена, ѕвездата од Витлеем нè води и дека најдоброто во нас ќе го разбуди овој ден. Посакувам вечен да е!“, порача претседателката Сиљановска-Давкова во изјавата во Соборниот храм.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова прими претставници на американската невладина организација „Data Foundation“

Сиљановска-Давкова прими претставници на американската невладина организација „Data Foundation“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со претставници на американската невладина тинк-тенк организација „Data Foundation“, предводени од нејзиниот претседател Џејсон Барнет. Претставувајќи ја Глобалната алијанса...

Сиљановска-Давкова гo прими градоначалникот на Тетово, Касами

Сиљановска-Давкова гo прими градоначалникот на Тетово, Касами

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска гo прими градоначалникот на Тетово, Билал Касами кој ја покани на македонската вечер во рамките на годинашната културно-уметничка и спортска манифестација „Тетово прославува – Тетовско културно лето 2025“.  [gallery...

Сиљановска-Давкова: „Галичка свадба“ ја отсликува македонската народна традиција и култура

Сиљановска-Давкова: „Галичка свадба“ ја отсликува македонската народна традиција и култура

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и годинава беше дел од „Галичка свадба“, проследувајќи ги свадбарските обичаи коишто ја отсликуваат македонската вековна народна традиција и култура, како неразделен дел од македонскиот национален идентитет. [gallery...

Сиљановска-Давкова на отворањето на „Охридско лето“: Во фестивалот се вткаени цели епохи на музичката, драмската и ликовната уметност

Сиљановска-Давкова на отворањето на „Охридско лето“: Во фестивалот се вткаени цели епохи на музичката, драмската и ликовната уметност

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчеравечер го отвори годинешното 65. издание на фестивалот „Охридско лето“. Во своето обраќање, таа ја истакна вредноста на уметноста како сила што му дава смисла на човечкото постоење. Во време на глобални и лични страдања,...

Сиљановска-Давкова го прими албанскиот претседател Бегај во Охрид

Сиљановска-Давкова го прими албанскиот претседател Бегај во Охрид

  Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во вилата „Билјана“ во Охрид го прими претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, кој е во работна посета на земјава. Обајцата соговорници изразија задоволство од...