Сиљановска-Давкова: Уставот не е само закон над законите, туку и општествен договор меѓу граѓаните и државата

26 октомври 2026 | Соопштенија

По повод 35-годишнината од донесувањето на Уставот, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова имаше средба со претставници на Македонското здружение на млади правници, придружени од други правници, одбрани на конкурс.

Сиљановска-Давкова, која беше надворешна членка на Уставната комисија во 1991 година, најпрво го изрази својот став за концептот, содржината и структурата на Уставот, а потем ги презентираше фазите на неговото донесување, со посебно внимание на подготовката на Нацрт уставот, којшто беше ставен на јавна дискусија, од којашто произлегоа бројни забелешки на преднацртот и предлог измени. Таа ја опиша атмосферата во којашто се одвиваше дебатата меѓу пратениците, стручната група којашто го подготви работниот текст и експертите.

Претседателката начелно, позитивно го вреднува уставот од 1991 година, повикувајќи се на компаративните уставни решенија, на оценката на релевантни меѓународни институции и конституционалисти, но укажа и на проблематичните решенија што не го положиле тестот на времето.

Исто така, посочи дека сме рекордери во уставни измени, меѓу коишто голем број се октроирани однадвор, дека сме редок пример на држава којашто сменила преамбула два пати, а згора, со непозната уставно правна техника, дека уставот е тежок за читање, заради непрецизните и нејасни одредби и различната и неусогласена правна терминологија, што го прави податлив за различни интерпретации.

За неа, односот кон уставот е далеку од однос кон lex superior и најважен општествен договор меѓу граѓаните и државата.

Според Сиљановска-Давкова, Уставната комисија, во којашто треба да се вклучат и надворешни уставноправни експерти мора континуирано, по примерот на другите парламенти, да го следи спроведувањето на уставот, детектирајќи ги слабостите на уставноправниот систем и предлагајќи соодветни решенија, како и подготвувајќи нов дел како уставна материја за односот меѓу македонското и европското право.

Претставниците на Македонското здружение на млади правници укажаа на потребата од негување на уставниот патриотизам, водени од важноста на едукацијата за уставот како темел на правниот поредок, гарант на човековите права и слободи и основа за функционирање на демократските институции.

За нив, Собранието во процесот на уставните измени мора да ја почитува  процедурата, не заборавајќи дека суверенитетот извира и им припаѓа на граѓаните.  Тоа мора да биде отворено за експертите во текот на работата, а преферирајќи инклузивни постапки на одлучување.

Средбата е дел од серијата разговори што ги иницираа младите правници со личности кои учествувале во создавањето, толкувањето и изучувањето на Уставот.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство

Сиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова присуствуваше на одбележувањето на 70-годишнината од Унгарската револуција од 1956 година во Будимпешта. ...

Сиљановска-Давкова во Будимпешта на средба со унгарскиот претседател, Бака

Сиљановска-Давкова во Будимпешта на средба со унгарскиот претседател, Бака

По повод одбележувањето на 70-годишнината од Унгарската револуција, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Будимпешта присуствуваше на работниот ручек, којшто за шефовите на делегациите го приреди претседателот на Унгарија, Андраш Бака. [gallery...

Сиљановска-Давкова во Будимпешта се сретна со претставници на македонската дијаспора

Сиљановска-Давкова во Будимпешта се сретна со претставници на македонската дијаспора

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која престојува во Будимпешта по повод одбележувањето на 70-годишнината од Унгарската револуција од 1956, утрово се сретна со претставници на македонската дијаспора. ...

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба

Почитувани сограѓани, Партизаните и ние, нивните потомци, не случајно се повикуваме на Илинденското востание и на комитите. Впрочем, не можеме да говориме за ослободувањето на татковината, а да ја премолчиме или да ја занемариме саможртвата на оние што со натчовечки...

Сиљановска-Давкова на одбележувањето на 70-годишнината од Унгарската револуција од 1956, во Будимпешта

Сиљановска-Давкова на одбележувањето на 70-годишнината од Унгарската револуција од 1956, во Будимпешта

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, утре (23 октомври 2026 година, петок) во Будимпешта ќе присуствува на одбележувањето на 70-годишнината од Унгарската револуција од 1956 година. Во рамките на меѓународната програма ќе се одржи свечена седница на Националното...