Официјална посета на претседателот на Република Словачка, Петер Пелегрини

13 октомври 2025 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, утре – 14 октомври 2025 година, вторник, ќе биде домаќинка на претседателот на Република Словачка, Петер Пелегрини, кој ќе престојува во официјална посета на земјава.

Словачкиот претседател ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести на церемонија во Кабинетот на претседателот, по што ќе следи тет-а-тет средба на претседателите, а потоа и пленарен состанок на македонската и словачката делегација.

Во рамки на официјалната посета, претседателот на Република Словачка ќе положи венец на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.

ПРОГРАМА: вторник, 14 октомври 2025 година

  • 10:30 часот – Официјална церемонија на пречек со највисоки државни и воени почести
  • 10:45 часот – Тет-а-тет средба
  • 11:15 часот – Пленарен состанок на делегациите
  • 11:55 часот – Потпишување на Меморандум за соработка во областа на економијата од страна на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски и државниот секретар во словачкото Министерство за економија, Владимир Шимоњак
  • 12:10 часот – Заедничка прес-конференција на претседателката Сиљановска-Давкова и претседателот Пелегрини.

Ги покануваме акредитираните медиумски екипи во Кабинетот на претседателот во 09:45 часот.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова во пресрет на COP31: Климатските обврски да ги претвориме во конкретни инвестиции и мерливи резултати

Сиљановска-Давкова во пресрет на COP31: Климатските обврски да ги претвориме во конкретни инвестиции и мерливи резултати

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на настанот „Национален дијалог во пресрет на СОР31“, организиран од УНДП во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за енергетика, рударство и минерални...

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со словачкиот министер за надворешни и европски работи, Јурај Бланар

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со словачкиот министер за надворешни и европски работи, Јурај Бланар

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими министерот за надворешни и европски работи на Словачката Република, Јурај Бланар, кој престојува во официјална посета на земјава. На средбата беа потврдени пријателските македонско-словачки односи. [gallery...

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваната британска амбасадорка, Сивањанам

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваната британска амбасадорка, Сивањанам

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма од Н.Е. г-а Маја Сивањанам, вонредна и ополномоштена амбасадорка на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска. Сиљановска-Давкова...

Сиљановска-Давкова: Монетарната и финансиската стабилност се јавно добро чиишто придобивки ги споделува целото општество

Сиљановска-Давкова: Монетарната и финансиската стабилност се јавно добро чиишто придобивки ги споделува целото општество

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на свеченоста по повод 80-годишниот јубилеј на централнобанкарското работење на Народната банка, којашто се одржа во Музејот на Народната банка. Таа говореше за Народната банка, за нејзината трансформација во...

Сиљановска-Давкова ја прими претседателката на косовското Собрание, Хаџиу

Сиљановска-Давкова ја прими претседателката на косовското Собрание, Хаџиу

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Албулена Хаџиу, претседателка на Собранието на Република Косово, која престојува во официјална посета на државава. Таа искажа задоволство од развојот на македонско-косовските...